„Мојот принц Матиас“ - Моделот Мартина Михајловска доби синче со сопругот, бизнисмен од Охрид
- Детали
- четврток, 04 август 2022
„Мојот принц Матиас се роди. Да си ми жив и здрав, благословен од Бога, а за сè друго тука е тато и мама. Матиас, јас, мама и Алана те сакаме најмногу...“, ја објави среќната вест за приновата бизнисменот Виктор Илоски, кој е во брак со Мартина Михајловска, модел и некогашна водителка на Бекстејџ, која многумина ја нарекуваат „македонската Ева Мендез“, поради сличноста со актерката.
Мартина Михајловска, се прослави како модел и водителка на естрадниот магазин Бекстејџ, а многумина ја споредуваа со актерката Ева Мендез, но потоа се повлече од ТВ екраните и се посвети на семејниот живот.
Таа стапи во брак со охридскиот бизнисмен Виктор Илоски, кој е сопственик на неколку локали и хотели во Охрид и низ Македонија.
Парот ја има 3-годишната ќерка Алана, а вчера (03.08) го добија и синот Матиас.
Виктор ја објави среќната вест на својот Инстаграм профил:
„Мојот принц Матиас се роди. Да си ми жив и здрав, благословен од Бога, а за сè друго тука е тато и мама. Матиас, јас, мама и Алана те сакаме најмногу до бескончено.“