Кои македонски дами го искористија јули 2022 за одмор на море (и на која дестинација)?
- Детали
- петок, 22 јули 2022
Јелена Спенџарска не може да се насити од природната убавина на Хрватска, а Аделина Тахири со сопругот од забавите на грчкиот остров Миконос. Каде одмораат нашите пејачки, водителки, мисици и други познати дами? Која избра романтична дестинација, која егзотична, а која веќе добропроверена?
Јули е совршен месец за летен одмор, а македонските познати дами го искористија тоа.
Водителката Барбара Ракичевиќ го избра романтичното крајбрежје на Италија, каде ужива во совршени зајдисонца и прошетки низ магичните улички, јога инструкторката Лејла Рамковска се одлучи за егзотичниот остров Занзибар, а пак пејачката Аделина Тахири со сопругот и мисицата Ана Брзанова го избраа грчкиот остров Миконос, кој е поим за забава и одличен провод.
Каде одмораат овој јули 2022 македонските познати дами?
Барбара Ракичевиќ во Италија
https://www.instagram.com/p/CgKrS_nrloo/
Јелена Спенџарска во Хрватска
Антониа Гиговска на Халкидики во Грција, па во Бодрум, Турција
Аделина Тахири на грчкиот остров Миконос
https://www.instagram.com/p/CgKbIssN_SH/