За нивната музика ќе слушне целиот свет - Ученици од Кочани ѝ донесоа на Македонија второ место на меѓународен натпревар во пијано

„Јас најмногу сакам да свирам со отворени прозори, да се слуша и подалеку од мојата соба, се надевам дека еден ден моето музицирање ќе се слуша низ целиот свет“ – вели за CRNOBELO.com 10-годишната Макарија Иванова, една од двајцата ученици на ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани кои освоија второ место на интернационален натпревар во пијано.

gordi-sme-uchenici-od-kochani-od-6-godini-svirat-pijano-a-na-9-godini-na-makedonija-i-donesoa-vtoro-mesto-na-megjunaroden-natprevar-01.jpg

Младите пијанисти Макарија Иванова и Јован Цветанов освоија две втори места на натпреварот Sitta di San Dona di Piave EDIZIONE Online 2022 во Италија.

Ги контактиравме двајцата ученици во ООМУ „Ристо Јуруков“, како и директорката Марија Лазарова и поразговаравме за тоа од каде кај нив се јавила големата љубов за пијаното како инструмент, а тие за CRNOBELO.com открија и повеќе детали за себеси.

Престижниот деветти Интернационален пијано натпревар Città di San Donà di Piave EDIZIONE Online 2022, Италија, беше домаќин на голем број учесници од 38 држави: Америка, Бразил, Канада, Кина, Франција, Хонг Конг, а секако и Македонија.

gordi-sme-uchenici-od-kochani-od-6-godini-svirat-pijano-a-na-9-godini-na-makedonija-i-donesoa-vtoro-mesto-na-megjunaroden-natprevar-11.jpg

Директорката на ООМУ „Ристо Јуруков“, Марија Лазарова во изјава за CRNOBELO.com потенцира дека за жал, и годинава натпереварот се одржа онлајн и појасни како се одвивало оценувањето на учесниците.

„Линкови од настапите беа споделени на YouTube и истите беа оценувани од шестчлено жири составено од врвни пијанисти од Финска, Америја, Италија, Литванија, Германија.

Ученици од нашето училиште две години учествуваат на истиот, па така минатата година Макарија Иванова освои прва награда, а оваа година Макарија и Јован се здобија со втори награди.

Оваа година, нашите претставници беа во категорија каде што имаше 32 учесници од Италија, Тајланд, Словенија, Финска, Србија, Хрватска, Албанија, Естонија“ – појаснува директорката.

Што се однесува до учесниците, 9-годишниот Јован Цветанов е четвртоодделенец во основното општинско музичко училиште „Ристо Јуруков“ во Кочани во класата на наставник Душан Стојанов, а почнал да посетува часови по пијано на 6 години.

gordi-sme-uchenici-od-kochani-od-6-godini-svirat-pijano-a-na-9-godini-na-makedonija-i-donesoa-vtoro-mesto-na-megjunaroden-natprevar-07.jpg

Погледнете го неговиот настап на натпреварот:

Јован, освен пијано, свири и гитара со неговиот дедо кој е музичар, а во изјава открива од каде се родила желбата за пијаното како инструмент:

„Затоа што пијаното е еден од најпрепознатливите и најпопуларните инструменти во светот поради својата повеќенаменска природа во сферата на свирењето и компонирањето.

Најинтересно ми е што треба да имаш контрола и на движењето на рацете, бидејќи пијаното е осетливо а јас сум тој што си играм со него топло ладно за да произлезе нежен или јак звук и сето тоа ми дава чувство на самодоверба и контрола.

Две убави особини кои ни се потребни во секојдневниот живот. Се надевам дека еден ден ќе успеам и дека покрај познатите композиции што ги свирам, ќе почнам сам да компонирам своја музика која генерации по мене ќе ја свират како популарна музика.“

gordi-sme-uchenici-od-kochani-od-6-godini-svirat-pijano-a-na-9-godini-na-makedonija-i-donesoa-vtoro-mesto-na-megjunaroden-natprevar-03.jpg

Макарија Лазарова има 10 години и е ученик во класата на наставник Марија Лазарова. Како што вели, нејзиниот дом отсекогаш бил исполнет со звуците на музиката, а по своја желба почнала да свири на пијано на 5-годишна возраст, а на 6 години се запишала во музичко училиште.

gordi-sme-uchenici-od-kochani-od-6-godini-svirat-pijano-a-na-9-godini-na-makedonija-i-donesoa-vtoro-mesto-na-megjunaroden-natprevar-08.jpg

Според неа пијаното е најубавиот инструмент на кој сака да свири. Погледнете го нејзиниот настап во продолжение:

„Музиката произведена на 88 клавиши за мене е нешто волшебно, затоа што таа секогаш звучи богато и динамично. Свирењето на пијаното ме опушта, ме возвишува, ме оплеменува па затоа мислам дека моите чувства можам лесно да ги изразам преку свирењето на овој инструмент“ – вели таа.

gordi-sme-uchenici-od-kochani-od-6-godini-svirat-pijano-a-na-9-godini-na-makedonija-i-donesoa-vtoro-mesto-na-megjunaroden-natprevar-02.jpg

Ако Јован открива дека секој ден вежба околу 2 часа за да може да постигне резултати, Макарија реши да открие еден важен детаљ што би требало да го знаат сите оние што сакаат да се занимаваат со музика:

„Наставничката постојано ми вели: не е важно колку се вежба, туку како се вежба. Ти можеш да вежбаш и 5 саати, но ако не вежбаш правилно, тие саати се залудно потрошени.

За да се постигнат резултати во свирењето инструмент, освен секојдневното вежбање, потребно е многу љубов и посветеност. Најнеопходно е да се сака да се свири, така се создава прекрасна музика.

Јас најмногу сакам да свирам со отворени прозори, да се слуша и подалеку од мојата соба, на што еднаш еден наш познат музичар ми рече тоа е прекрасно бидејќи надвор од тие „прозори“ е целиот свет. Се надевам дека еден ден така и ќе биде. Моето музицирање да се слуша низ целиот свет“ – вели таа.

gordi-sme-uchenici-od-kochani-od-6-godini-svirat-pijano-a-na-9-godini-na-makedonija-i-donesoa-vtoro-mesto-na-megjunaroden-natprevar-10.jpg

Директорката ја прашавме и за тоа што би требало да го знаат родителите пред да ги запишат своите деца во музичко училиште, при што таа ни откри зошто изучувањето на музиката има огромно значење врз развојот на младите и колку е значајна поддршката од родителите за создавање млади таленти со кои во иднина можеме да се гордееме.

„Пред сè, на родителите би им порачала задолжително да ги запишуваат своите ученици во музичките училишта, затоа што тоа за децата е голем бенефит.

Затоа што другарувањето со музиката и вежбањето на инструментот кај децата овозможува развој на моториката, меморијата, координацијата, а пред се, прави да се чувствуваат среќни и исполнети“ – вели таа.

gordi-sme-uchenici-od-kochani-od-6-godini-svirat-pijano-a-na-9-godini-na-makedonija-i-donesoa-vtoro-mesto-na-megjunaroden-natprevar-05.jpg

Според неа, вродениот талент за музика не е најважен, туку сѐ се сведува на 1 отсто талент и 99 отсто работа.

„Па така, учениците кои сакат да постигнуваат резултати треба да бидат работливи, трудољубиви, упорни, истрајни, но пред сè, да ја сакаат музиката за да сето ова спомнато не им биде обврска, туку задоволство. Секако, неодминлива е и поддршката од родителите. Пред сè појдувајќи од набавка на инструмент, па до услови за вежбање, подготовки за концерти, настапи, натпревари.

Но, чувството кога младите уметници се во центарот на вниманието, било во домашна атмосфера или на настапи, концерти, а да не зборувам за успесите на натпреварите, е прекрасно.

Не можам да ви опишам каква е дружбата помеѓу овие „мали“ уметници, треба да се почувствува. Верувајте дека преку нашето училиште се создадени многу пријателства, не само помеѓу учениците, туку и помеѓу родителите“ – вели таа.

Погледнете го и минатогодишниот настап на Макарија на натпреварот Città di San Donà di Piave, со кој таа го освои првото место:

Се надеваме дека Макарија и Јован и во иднина ќе нижат само успеси и позитивни резултати и дека навистина, еден ден за нивната музика навистина ќе слушне целиот свет.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Ирина Дишовска објави дека чека второ дете со Павле Камилоски – 1 година по раѓањето на синот „Уште едно бебе е на пат“ – напиша Ирина Дишовска до фотките на Инстаграм, со ко...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Денес се слави Свети Јован Златоуст – што треба да направите? Свети Јован Златоуст бил еден од најучените свештеници, па се верува дека денес ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg