Какви се цените на плажа во Дојран ова лето 2022 година?
- Детали
- понеделник, 18 јули 2022
Очекував дека со оглед на тоа што сѐ е поскапено и цените на плажа да бидат зголемени, така што навистина бев пријатно изненадена кога дознав дека цената на лежалката е непроменета, а храната и пијалаците на плажа се продаваат по исти цени како во 2019-та година.
Минатиот викенд (17.07.) со сопругот одлучивме на еден ден да отидеме до Дојран.
Градската плажа во Дојран е омилено место за семеен летен излет на семејствата од околните градови и општини, а исто така имаше и голем број повозрасни туристи од целата земја што одлучиле летните денови да ги поминат таму.
Помладите туристи обично бираат да посетат некои од другите плажи, но нашата идеја, со оглед на тоа што бевме со мали деца, беше да останеме блиску до центарот на населбата, каде имаме блиску продавница, игралиште за деца, ресторани, пазарче со зеленчук и овошје.
фото: depositphotos.com
Освен тоа, во близина има и голем број дрвени штандови каде се продаваат цедени сокови, крофни, рачни изработки итн.
Голем број од луѓето што се сместени таму, коментираат дека цената на апартманите е покачена, а исто така се покачени и цените во некои од рестораните.
Да бидам искрена, тој еден ден се сведе максимално на капење и сончање и секако играње во песок, така што немав многу прилика да ги посетам рестораните, но цените на плажа пријатно ме изненадија.
Погледнете дел од нив:
Две лежалки со чадор (и консумација пиво или кафе + вода) – 240 денари;
Скопско пиво 0,5ml – 70 денари;
Кока кола/ Фанта – 50 денари;
Кафе македонско – 30 денари;
Нескафе – 50 денари;
Хамбургер – 150 денари;
Порција мини крофни и лимонада – 50 денари;
Цените во околните маркети и продавници и маркети се идентични со оние во маркетите во другите градови, така што не мора да носите полни ќеси со производи од дома за да заштедите.
Детските гуми за пливање се продаваат по цена од 200 денари, а кофичките за песок и греблата по 250 денари.
Прочитајте и Какви се цените во Охрид ова лето 2022?
Б. С. Б. | Црнобело