Какви се цените во Охрид ова лето 2022?

Колку чини нескафе на плажа во Охрид, пиво или пица? Неодамна го посетив македонскиот бисер и ви пренесувам дел од цените оттаму...

kakvi-se-cenite-vo-ohrid-ova-leto-2022-ra-01.jpg

Неодамна го посетив Охрид и македонскиот бисер блескаше во полн сјај, иако уште нема многу туристи.

Се полнеше за викенди, но шпицот на сезоната сигурно ќе биде втората половина на јули и првата половина на август.

kakvi-se-cenite-vo-ohrid-ova-leto-2022-ra-06.jpg

Ви пренесувам дел од цените оттаму - се разбира, тие се од локалите/бич баровите кои јас ги посетив и не значи дека се исти насекаде.

Дел од цените во Охрид ова лето 2022-ра:


Нескафе – 120 денари
Пиво – 140 денари
Мало вино 187.5ml – 250 денари
Аперол шприц – 270 денари (коктелите започнуваа од 220 денари, па нагоре)
Сангрија (шише вино + овошје + додатоци) – 1.500 денари
Цезар салата – 350 денари
Пица капричиоза – 350 денари
Килограм риба (белвица) – од 1.500 денари, па нагоре
Две лежалки со чадор - 400 денари (без консумација)

Дел од луѓето коментираат дека цените во Охрид се високи, а дел напоменуваат дека станува збор за одлична туристичка дестинација со неверојатна убавина и дека ако сме подготвени да дадеме пари за одмор во странство, зошто да не го сториме тоа и во нашата татковина? Што мислите вие?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Објава на Македонка ги подели мислењата: „Охриѓани мавате со дрва и камења по скопјани, а со скапоти... Темата за односот на охриѓани и скопјани е несицрпна инспирација за коментари го...
Врчак со ДНК на концерт во Охрид како во старите времиња – го пречекаа со овации, му посветија песна... Врчак беше громогласно пречекан од публиката, која по 14 години за првпат имаше ...
Наташа Фигурела цело лето е на грчки остров: „Првпат дојдов на Миконос во 2004 година и се заљубив в... „Почнав секоја година да доаѓам на Миконос, бидејќи на овој остров се чувствувам...
Инстаграм профилот на Ана од Охрид е како сцена од есенска бајка (фото) „Есента ми е омилена најмногу заради природата, нејзините бои, мирисот на цимет,...
Македонката Оливера беше на Super Bowl: „Билетите се продаваат и за над 10.000 долари, пеев опера на... „Ова беше искуство што нема никогаш да го заборавам. Годинава имаше навистина мн...
Тони Зен со семејството во Италија, Катарина ужива со ќерката на Охридско Езеро: Што прават македонс... Поп-дивата Калиопи одржа концерт за паметење во Охрид, а во празничниот илинденс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg