Симон Трпчески објави фотки со ќерката Лара: „Горд сум што таа ќе ја претставува Македонија на Детската Евровизија“
- Детали
- четврток, 14 јули 2022
„Се чувствувам среќно и гордо“ – напиша Симон Трпчески на социјалните мрежи откако беше најавено дека неговата ќерка Лара заедно со Ирина Давидовска ќе ја претставува Македонија на Детската Евровизија, што годинава во декември ќе се одржи во Ерменија.
Македонскиот виртуоз на пијано со светско реноме Симон Трпчески се огласи откако неговата ќерка Лара Трпческа беше избрана да ја претставува нашата земја на Детската Евровизија.
„Се чувствувам гордо и среќно - по официјалното објавување дека ќерка ми Лара е избрана да ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг оваа година!
Со среќа Лара и Ирина!“ – порача Симон Трпчевски на социјалните мрежи.
Инаку, Лара во музичка придружба на татко ѝ неодамна ја отпеа песната на Тоше Проески „За овој свет“ со која упати моќна порака.
Ирина Давидовска, пак, имаме можност да ја слушнеме во каверот на „Еве Ме Пак“ од Александра Јанева:
https://www.youtube.com/watch?v=q_oWv1ezcz0&t
Лара досега имала повеќе настапи. Таа учествуваше и во првиот мјузикл за деца во Театарот за деца и младинци во 2018-та година, насловен „Земја во која не се стигнува“, а во 2015-та година на фестивалот за деца „Златно славејче“ ја испеа песната „Непослушно маче“.
Инаку Јуниорскиот Евросонг годинава ќе се одржи на 11-ти декември во главниот град на Ерменија, Јереван.
Засега присуството покрај Македонија го потврдија и Холандија, Шпанија, Португалија, Казахстан, Полска, Франција, Ирска, Бугарија, Италија и Малта.
Минатата година, децата од „Дајте музика“ имаа извонреден настап и го освоија 9-тото место.
Да се потсетиме на нивната изведба:
Б. С. Б. | Црнобело