Не победија, но испратија моќна порака: Green Forces го освоија 9-тото место на овогодишната детска Евровизија, победник е Ерменија

Иако нашите претставници на детската Евровизија не победија и го освоија 9-тото место, моќната порака што ја упатија со песната Green Forces не остана незабележана.

ne-pobedija-no-ispratija-mokjna-poraka-green-forces-go-osvoija-mesto-na-ovogodishnata-detska-evrovizija-01.jpg

Денес, 19-ти декември, во Париз се одржа детскиот избор за песна на Евровизија, а нашите претставници го освоија 9-тото место.

Талентираните претставници кои веќе ѝ се познати на јавноста од телевизиското шоу „Дајте музика“ имаа одличен настап, а со песната Green Forces тие упатија порака за надеж и поткревање на свеста за заштита на животната средина.

Кристина, Анастасија, Миха и Филип покажаа дека се вистински професионалци, а и покрај тоа што не победија, ние сме горди на нив.

Музиката за Green Forces е дело на Роберт Билбилов, додека автор на текстот е Робин Зимбаков.

На овогодишното издание на детската Евровизија победи Ерменија.

Настапот на нашите претставници можете да го погледнете во продолжение:

Настапот на победниците од Ерменија:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев? Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра...
„Дај на сунце“ – Новата песна на Каролина Гочева за еден час по објавувањето ја освои публиката „Магична како и секогаш“ – стои во дел од коментарите под новиот видео спот на К...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Миа Костова со моќна порака до сите мајки: „Материјалното не го воспитува детето – му требате вие!“ „Нека не ве фрустрира ако немате сè она што го гледате на Инстаграм или на ТикТо...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg