Сандра Кирков, наша инфлуенсерка: „По 3 години од веридбата чекајќи да помине короната - закажавме регистрација на прв слободен термин“
- Детали
- среда, 13 јули 2022
„По 3 години од веридбата чекајќи да помине короната, па да дојдат фамилија и пријатели од странство, па дали да биде голема или мала свадба, еден кажал вака, еден така, на крај мојот партнер рече ‘Знаеш што? Закажувам регистрација на прв слободен термин, одиме со кумот и старосватицата и да завршиме со чекањето’...“, открива македонската лајфстајл инфлуенсерка и некогашна стјуардеса Сандра Кирков.
Сандра Кирков, од Скопје, дипломиран економист со завршен факултет во Дубровник, Хрватска, инфлуенсер со 32.000 следбеници и ко-сопственик на кафуле во Скопје, како и некогашна стјуардеса за компанијата Fly Emirates неодамна се венчаше со својот избраник, а за тоа како ненадејно одлучиле да направат регистрасија таа откри на својот Инстаграм профил.
Сандра вели дека не можеле повеќе да чекаат, а за својот голем ден облече бел комбинезон и е природна убавица.
Со букет шарено цвеќе и огромна насмевка на лицето, таа очигледно ужива во спонтаноста и едноставност на денот на кој му кажа „да“ до крајот на животот на својот сакан Јале.
На својот Инстаграм профил Сандра напиша:
„Официјално госпоѓа и господин Тутиќ...
После 3 години од веридбата чекајќи да помине короната, па да дојдат фамилија и пријатели од странство, па дали да биде голема или мала свадба, кој ресторан да биде и какви протоколи да има, еден кажал вака еден така, на крај мојот партнер (Јале) рече „Знаеш што? Закажувам регистрација на прв слободен термин, одиме со кумот и старосватицата и да завршиме со чекањето.“
Првично сакавме на 7.7 (ист датум како веридбата), меѓутоа немаше термини, а прв слободен беше на 1.7 па ни остана тогаш да се потпишеме во славната книга на венчани.
Да ви кажам право денот баш ми помина супер, без стрес, без трчаници и нервози, во некои ситуации навистина треба себеси да се ставиме на прво место и да направиме онака како што ние сакаме, а не да носиме одлуки под притисок.
А што ќе се случува понатаму останува да видиме...“