Сузана Турунџиева: „Не постои поголем непријател на имунитетот од тагата, залудни се сите зрнца киноа, лимони, медови, авокадо“
- Детали
- вторник, 12 јули 2022
„Не постои поголем непријател на имунитетот од тагата... Со намера да се подигне (имунитетот) се купуваат разноразни работи, се рендаат ѓумбири, се цедат портокали, се пие Омега 3, магнезиум хлорид, цедени масла, мелеми, чаеви од билки за кои некој чул дека ќе ни биде подобро. Но, единствениот поттикнувач на имунитетот се капките среќа. Оние кои никаде не се купуваат...“, гласи дел од објавата на Сузана Турунџиева.
Сузана Турунџиева често сака да говори за духовното, за среќата, за тоа што нè инспирира или јаде однатре.
Овојпат таа напиша на својот Фејсбук профил за тоа што е најголем непријател на нашето здравје и имунитет.
Нејзината моќна објава:
„Не постои поголем непријател на имунитетот од тагата... Со намера да се подигне (имунитетот) се купуваат разноразни работи: зрнца киноа, се цедат тони лимони, медови, авокадо, се рендаат ѓумбири, се цедат портокали, се пие Омега 3, магнезиум хлорид, цедени масла, мелеми, чаеви од билки за кои некој чул дека ќе ни биде подобро.
Но, единствениот поттикнувач на имунитетот се капките среќа. Оние кои никаде не се купуваат, и кај секого индивидуално се „дозираат“, и по состав и по јачина, па и по количина.
Мора СЕКОЈ САМ ДА СИ ГИ ПОДГОТВИ и да си ги консумира редовно, секој ден.
Тогаш, кога свесно и со верба секојдневно сам(а) ќе си капнуваш по неколку капки среќа во кафето кое наутро си го подготвуваш, во фустанот кој подоцна го облекуваш, во храната која ја јадеш и во музиката која патем ти ќе си ја одбереш, тогаш ќе сфатиш дека тагата е поразена, имунитетот се враќа и нема сила која може да ги уништи капките среќа, кои делуваат само ако ти им дозволиш.“
Прочитајте и Сузана Турунџиева: „Ако мислите дека сте несреќни, прошетајте низ ходниците во Клиниката за онкологија“
С. С. | Црнобело