Првата дама на Македонија со претседателот во одлично модно издание на настан во Мадрид со кралицата Летиција (фото)
- Детали
- среда, 29 јуни 2022
Нашата прва дама направи моден погодок на средбата со кралицата Летиција од Шпанија – која со право ја носи титулата модна икона. Со непогрешливиот моден стил многумина ја споредуваат со Меланија Трамп.
Нашиот претседателот Стево Пендаровски деновиве учествува на Самитот на НАТО во Мадрид. Со него е и првата дама Елизабета Ѓоргиевска, која вчера се појави во црвен, елегантен фустан на средбата со домаќините кралот на Шпаниja Фелипе Шести и неговата сопруга кралицата Летиција.
Кралицата на Шпанија Летиција, како и секогаш, беше во совршено модно издание.
Нашиот претседател се дружеше и со канадаскиот премиер Џастин Трудо.
Прочитајте и Готви, игра кошарка со децата: Семејниот живот на омилениот политичар Џастин Трудо (фото)
На настанот се присутни и претседателот и првата дама на САД.
Повеќе фотографии од настанот:
Прочитајте и Свекорот не ја сакал и ја нарекувал „слугинка“, ја обвинуваа за абортус во првиот брак – Факти за кралицата Летиција од Шпанија
С. С. | Црнобело