10-годишен битолчанец со ангелски глас маестрално ја отпеа „Црно и Бело“ од Калиопи, на фестивал во Прилеп (видео)

„Алексеј заврши трето одделение во нижото музичко Тоше Проески Битола, а свири гитара и пее од негова најмала возраст“ - вели за CRNOBELO.com мајката на 10-годишниот битолчанец кој ја воодушеви публиката со ангелскиот глас и изведбата на „Црно и Бело“ од Калиопи на фестивалот „Мали Ангели“ Прилеп. 

10-godishen-bitolchanec-so-angelski-glas-maestralno-ja-otpea-otpea-crno-i-belo-od-kaliopi-na-festival-vo-prilep-video-01.jpg

До нашата редакција пристигна видео од млад музички талент од Битола, кое ќе ви ја „наежи“ кожата.

Алексеј Ивановски (10) од Битола настапил на фестивалот „Мали Ангели“ Прилеп, а ја воодушеви публиката со својот ангелски и моќен глас.

Тој маестрално ја изведе песната „Црно и Бело“ од Калиопи и доби громогласен аплауз, а видео од неговиот настап сподели и Калиопи и напиша:

„Ова видео ми го врати сонцето по изминатите сиви денови... Десетгодишниот битолчанец Алексеј Ивановски синоќа во Прилеп маестрално ја испеа легендарната „Црно-бело“...

Животот продолжува, надежта не умира, а јас сум среќна што животот ми ја дал оваа улога, да бидам Калиопи…“

10-godishen-bitolchanec-so-angelski-glas-maestralno-ja-otpea-otpea-crno-i-belo-od-kaliopi-na-festival-vo-prilep-video-02.jpg

Инаку, ова е прв негов настап на фестивал, иако музиката е дел од него уште од најмала возраст.

10-godishen-bitolchanec-so-angelski-glas-maestralno-ja-otpea-otpea-crno-i-belo-od-kaliopi-na-festival-vo-prilep-video-04.jpg

Мајката на Алексеј, за CRNOBELO.com изјави:

„Алексеј заврши петто одделение во О.У. „Даме Груев“ Битола и трето одделение во нижо музичко „Тоше Проески“ Битола. Свири гитара и пее од негова најрана возраст. Музиката е дел од него, постојано пее и слуша музика. Омилени му се Калиопи, Тоше Проески, Каролина Гочева, како и омилените професори по солфеж Татјана Крстевска Ковачевска и гитара Бојан Гаговски“.

10-godishen-bitolchanec-so-angelski-glas-maestralno-ja-otpea-otpea-crno-i-belo-od-kaliopi-na-festival-vo-prilep-video-03.jpg

Погледнете го видеото: 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тијана Дапчевиќ: „Тоше беше ангел на земјата, Господ си го зеде за да му пее на небото“ „Во средно Тоше свиреше на кларинет. Еден ден татко ми дошол на натпревар во учи...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Калиопи и мајка ѝ уживаат на Водно: „Животот е многу повреден со тебе“ (видео) „Април е поубав со тебе мамо, а животот е многу повреден! Те сакам!“, напиша Кал...
Васил Зафирчев на концерт на бившата сопруга, Калиопи: „И по 40 години кариера, гори кога пее“ „Калиопи сѐ уште гори кога пее, како да ѝ е првпат. Затоа, сѐ уште силно блеска ...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Почина таткото на Тоше Проески - Ќерката Дора се прости со емотивна фотографија: „Нека ти е светол п... Дора Проеска, постарата сестра на Тоше, објави емотивна фотографија на која нејз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg