Наша адвокатка го коментира судскиот процес на Џони Деп и Амбер Херд: „Тој не може да го добие овој случај“

„Заробени ли сме во митот за совршена жртва па сè што отстапува од тоа сфаќање имаме проблем да го прифатиме? Или, како што рече адвокатот на Амбер Херд во завршните зборови - Колку уште треба жртвата да сними, да слика, да зборува за да ѝ се поверува само затоа што има маани?“, гласи дел од објавата на адвокатот Сузана Јошевска Анастасовска, која има 20-годишно искуство во судски предмети и процеси.

nasha-advokatka-go-komentira-sudskiot-proces-na-djoni-dip-i-amber-hard-dali-nesovrshenite-zhrtvi-na-semejno-nasilstvo-ne-se-zhrtvi-01.jpg

Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат со 20 годишно искуство во судски предмети и процеси, на својот Фејсбук профил го прокоментира судскиот процес помеѓу Џони Деп и Амбер Херд, кој периодов го привлече вниманието на цел свет.

Нејзината објава:

„Циркусот наречен Depp v. Heard е правно интересен колку што е вознемирувачки.

Прашањето е: Дали ‘несовршените’ жртви на семејно насилство не се жртви? Тие кои се самите скршени и психотични од разни причини, тие кои возвраќаат и се дерат, тие со сопствени карактерни недостатоци, тие кои не се за жалење на прв поглед.

nasha-advokatka-go-komentira-sudskiot-proces-na-djoni-dip-i-amber-hard-dali-nesovrshenite-zhrtvi-na-semejno-nasilstvo-ne-se-zhrtvi-06.jpg

Заробени ли сме во митот за совршена жртва па сè што отстапува од тоа сфаќање имаме проблем да го прифатиме? Или, како што рече адвокатот на Амбер Херд во завршните зборови - Колку уште треба жртвата да сними, да слика, да зборува за да ѝ се поверува само затоа што има маани?

А доволно е само еднаш, само еден удар, само една епизода.

nasha-advokatka-go-komentira-sudskiot-proces-na-djoni-dip-i-amber-hard-dali-nesovrshenite-zhrtvi-na-semejno-nasilstvo-ne-se-zhrtvi-05.jpg

Прашањето исто така е: Дали конечно ова судење ќе ги стави на мапата на семејно насилство и мажите како жртви, особено психичко насилство со оглед на современиот развој на родовите улоги и инсистирањето на рамноправноста?

Дали Mr.Depp го скрши ледот околу сфаќањето дека и мажот треба да каже или како го смислија хаштагот #mantoo? Колку треба да се земе зборот на жената ‘здраво за готово’ доколку постои меѓусебно насилство или т.н токсична врска.

nasha-advokatka-go-komentira-sudskiot-proces-na-djoni-dip-i-amber-hard-dali-nesovrshenite-zhrtvi-na-semejno-nasilstvo-ne-se-zhrtvi-07.jpg

Гледано низ моите правни вијуги, Mr.Depp не може да го добие овој случај и тоа повеќе на правни основи отколку на фактички. Ама тоа не е интересно за читање.

За жал или не, САД е земја во која одлучуваат граѓани кои не се правници, а со тоа е и земја каде во исто вакво судско шоу поротата ослободи двоен убиец кога одлучуваше во случајот О.J.Simpson само затоа што ѝ се допадна магијата на одбраната.

 nasha-advokatka-go-komentira-sudskiot-proces-na-djoni-dip-i-amber-hard-dali-nesovrshenite-zhrtvi-na-semejno-nasilstvo-ne-se-zhrtvi-04.jpg

За жал, ќе остане само горкиот вкус на колатералната штета на овој циркус, а тоа се сите сегашни и идни жртви на семејно насилство кои ќе го доживеат обесхрабрувачки ова јавно и скапо судење.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како арапска принцеза во пустина - Сузана Гавазова по Тајланд, ужива во Дубаи Сузана Гавазова објави видеа во кои танцува боса на пустинските дини облечена во...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Сузана Гавазова направи тематска „Барби“ забава за роденденот на ќерката, покрај езеро „Ти си ми сè“ – ѝ порача пејачката Сузана Гавазова на ќеркичката Емели. По повод...
Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...
Сања Ристиќ не ја крие љубовта кон Перо Антиќ: „Моето срце е за медал, ги собира сите овие 211cm“ „Не знам за вашите срца, колку се големи и колку љубов можат да соберат, ама мое...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg