Драган Спасов Дац ги објави најемотивните мигови од свадбата на синот Јаков (фото+видео)
- Детали
- сабота, 28 мај 2022
Фотографија од првиот танц на младенците Јаков и Софија Спасов, танцот со сопругата Весна, но и емотивно видео во кое им посвети песна на неговите деца... Актерот Драган Спасов Дац денес објави повеќе емотивни моменти од свадбата на неговиот син.
Јаков Спасов, синот на познатиот македонски актер Драган Спасов Дац кој исто така ги следи стапките на својот татко и работи како актер, вчера (27.05) стапи во брак со неговата сакана Софија Христова, сега веќе Софија Спасов.
Гордиот татко Драган, не ја крие радоста па на својот профил на Фејсбук сподели повеќе фотографии со кои ги долови емотивните моменти од свадбата.
До заедничката фотографија со младенците и со синот Стефан и ќерката на неговата сопруга Весна, Јана, тој напиша:
„Ова се сите мои деца“.
Актерот објави и емотивно видео од свадбата, каде ја отпеа познатата песна од Ѓорѓе Балашевиќ, Uspavanka za dečaka.
„Има нешто што не можеш да напишеш, затоа што веќе е напишано. Но затоа можеш да го отпееш. Само за Јаков, Стефан, Јана и Софија!“ – напиша тој до видеото.
Видеото погледнете го на следниот линк.
Прочитајте и Се ожени синот на Дац – ексклузивни фотографии од свадбата на актерот Јаков Спасов и неговата сакана Софија
Повеќе фотографии од свадбата во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело