Пријателите со последен поздрав за Сашо Пижевски Пиже - изгубивме урбан лик и човек кој беше срцето на Скопје
Ана Бунтеска, поетеса
„Почивај во мир Пиже!
Пред човек да си замине, чудно засветува, како наеднаш да се разубавува, ликот вонземски му блеска и станува воздушест, небаре на земја не гази, како од светот одвоен, па му се прекршува сенката, и напола е тука...
А другата половина е веќе замината, и така извесно време, меѓу два света плови, дур се прости со блиските, да испие по еден пијалак со нив, два реда муабет да сврти, можеби и некој аманет да остави, пред човек да си замине замирисува на спокој и душата некако му се спаструва, како свежо испеглани алишта.
Ете така во градите мирот му се здиплува и дишењето му се воедначува како сам со себе да се помирува и со насмев се покорува па деновите полесно ги врви.
А во ноќите цврсто заспива, без мисла и страв, без болка и јад, како да знае дека броени се, па заживува со сета сила што останала небаре уште еден живот пред себе има за врвење
Пред човек да си замине прашања не поставува, ниту двојби повеќе има, како да учи тогаш да ужива, па секое корче леб, гозба е и на сонцето му се радува, а пред дождот стои со главата угоре и жедно капките ги голта, замижан ја мириса земјата и низ прстите ја дроби...
А сите сетила се чисти како на животно изострени дур не сети, дур мигот не му дојде и со насмев да замине пепел во пепел, прав во прав да се стори
АМИН!“
Никола Перевски - Пере Нокаут
„После комеморацијата на чичко Александар Џамбазов беше иницијатор и ме покани да испиеме кафе во негова чест. Седнавме во турското кај музичко си нарачавме по едно Американо и макијато. Зборувавме за убавите работи и спомени за чичко Ацо и си направивме по некое селфи. После тоа ме испрати пешки до дома, до влез. Си разменивме по две три шали како и секогаш кога ќе сe видиме...
Ни на крај памет дека тоа ќе ми биде последното видување и кафе со тебе. Нека ти биде светол патот до ѕвездите, поздрави го Зеко и се гледаме на друго место во друго време.
Се надевам некаде каде што времето ке биде смешна работа, нема да постои и нема да има потреба да гледаме во саат... Збогум Пиже.“
Драган Спасов Дац
„Тага, голема тага... Не знам како е таму, ама знам дека журката е се појака. Се собира друштвото. Годину по годину све нас мање има ту...“
Aна Зафирова
„Приказните за Скопје исчезнуваат, затоа што веќе нема кој така страсно да ги раскажува.
Пиже беше хроничар на едно време во еден град. И сите кои чепкавме по слоевите на Скопје наидувавме на неговите различни улоги. Многу тажно, мноооогу....
Чао Пиже... а рече дека ќе ми помогнеш околу олдтајмерите!“
Александар Митевски
„Се нема зборови… За тоа „колку сите ние изгубивме, колку изгуби градот, а колку секој од нас индивидуално”… Го запознав на свои 12 години, кога почнував во музиката и за мене беше „Чичко Пиже” од „Хавана бенд”... Заедно со Зеко, од прв момент се поставија татковски и другарски кон мене, па така полесно се решаваа „равенките на естрадата, градот, луѓето и музиката”… Слаб сум на вакви испраќања, Пиже..
Единствено што можам е таа убава колоритна прикаска за тебе да ја врамам во една најубава рамка во моите сеќавања.. Ти благодарам за се и светол ти пат.“
Пане Христопулос
„Не можеше полошо да почне денов. Ѕвони алармот у 09:00. Го гасам и читам прва нотификација. Отиде Пиже другар ти. Каде бе Пиже кај отиде ? Многу рано бе брату. Пред 4 дена шерна спомени слики, а не бев у Скопје. Ти вратив како и увек од почитување и си помислив само што ќе се вратам у Скопје ќе те барам, а не ти кажав. Закаснив. Не те побарав одма и криво ми е. Бар ќе се испратевме со кафенце. Еве док ставам кафе и раскажувам на мајка за тебе и покажувам слики.
И викам ми треба цел ден да ти раскажувам колку спомени имавме. Коа ќе отиде некој близок тешко е, а близок ми беше иако не се дружевмме редовно. Секоја слика шерната секоја година реобјавена од тебе и потсеќање на убави спомени. Ги имаше годините, а имаше душа на тинејџер. Стално за жени девојки ми збореше ко пубертетлија. 2009 те упознав на Ленинова иако цел град те знаеше. 2010 бевме ко петок и сабота. Дружби и дешавки и спомени за кои можам книга да напишам. Улица на липити Ленинова ни беше базата. Кафич стан и обратно. Што и да кажам малку е што и да напишам такоџе. Убав човек, добар човек беше и така ќе останеш во моите спомени. Многу научив од тебе. Што треба, а највеќе што не треба.
Уште го пијам кафето. Нејќам да го допијам. Кафе на тебе ме асоцира. Батали пиењето ама кафето и цигарите никад. Јес да претеруваше со нив. Шо да те карам коа голем беше све си знаеше. Не идам на погреби иам проблеми со мисли кои ме прогонуваат и ми праат панични напади ама утре ќе дојдам да те испратам па што сака нека ме прати зашто не е појако од нашите убави спомени. Ќе фалиш. Чест и задоволство ми беше што те запознав и имав можност да се дружам со тебе.
Сликиве не ги бирав. Многу ги иаме. И тој твој комјутер има архива од слики и спомени како што викаше ти: тоа ќе ни остане. Поздрав другар светол ти пат. Утре ќе дојдам да те испратам а сега се напив едно кафе за тебе после уште едно, а до вечер и еден Шток ќе испијам.
Може еден ден ке отворам локал и ќе го крстам Кај Мајка Ти И Татко Ти во твоја чест. Се надевам.“
Последната Фејсбук објава на Сашо Пижевски - Пиже за ноќниот живот и неговиот починат пријател Зеко, со кој си заминаа на ист ден:
„Со Диме и Зеко у Езерце у парк...негде средина на 80-ти... Шо би рекол Ристо Компир година две покасно у Градиште, кај ви е БУШАВИОТ?
Ете нека биде сеќавање на тоа убаво време, Диме ем шанкер у Маџо, а пред и после работа си продужуеме заедно. Летовањето у Градиште 86-та, со фичото на Џовани, Шпана, Зеко и Ја, а Асма со камион ни ги донесе стварите(фрижидер, шпорет и неколку пакети Шток пошто мислевме ќе ни стигнат). Останавме неколку месеци, ШТОК снема и у Охрид, а еднаш неделно идевме у Скопје да искраме по една шорба, да зееме пари и да купиме шток...
Еве една фотка и КОСИЈАНЕР дур беше Зеко... Не само со Шпана туку и со други наши блиски скоро секој ден ќе те спомнеме.
Фалиш пријатељу фалиш, сеа со Шпана ќе идеме заедно па секој ден праиме припреми и од уста не те вадиме. Имам една слика коа бевме заедно у Африка, т.е у Тунис, тројцата прв пут...Ти ги глеаш луѓево и викаш, а бе пријатељу па овие црнциве не биле толку црни...сме ја утнале Африката, не отидовме у црната..“
С. С. | Црнобело