Запознајте го прекрасното семејство на македонската гордост во каратето - Дејан Недев (фото)
- Детали
- петок, 06 мај 2022
Дејан Недев (42) е македонска гордост и наш повеќекратен европски и светски шампион во карате. Има две деца - ќерката Камелија (10) и синот Тадеј (4), а со сопругата Елена е заедно од 2011 година. За CRNOBELO.com тој открива детали од семејниот живот...
Дејан Недев (42) е легендарен македонски каратист, кој се закити со многу титули на европско и светско ниво во текот на својата кариера, а сега работи како тренер во повеќе карате клубови во Скопје.
За најблескавите моменти во неговата кариера, како и за неговото семејство Дејан Недев говори за CRNOBELO.com:
„Со карате се занимавам од мојата 5-та година, значи цели 37 години сум во овој спорт. Како натпреварувач имам освоено сè што можело да се освои и сум повеќекратен европски и светски шампион во сите возрасни категории и дисциплини, добитник на највисоки спортски признанија меѓу кои и Национално спортско признание од државата, 13 Ноемвриска награда, прогласен за најдобар каратист на векот.
Целото семејството на доделувањето на докторската диплома на Дејан Недев во Софија
Во моментов сум тренер во повеќе карате клубови во Скопје.
Имам две деца ќерката Камелија (10) и синот Тадеј (4), а со Елена сме заедно од 2011 година.
Живееме во Скопје, ќерка ми Камелија тргна по моите стапки и е многу успешна во каратето повеќекратен државен шампион во категоријата за деца и носител на повеќе медали од европски и светски шампионати за деца.
Тадеј е сè уште мал, но и тој полека пројавува интерес за карате сака да доаѓа на тренинзи и да гледа како вежбаат карате поголемите деца.“
Повеќе фотографии од Дејан Недев и неговото семејство:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело