„Мамино прво око, мамин живот“ - Тамара Тодевска со емотивни фотки за 6-иот роденден на ќерката Хана
- Детали
- петок, 29 април 2022
„Мамина прва лепотица, мамино прво око, мамина спанка, мамина глумица, мамина среќа...“, гласи емотивната објава на Тамара Тодевска по повод роденденот на ќеркичката, од која објави фотографии направени веднаш по раѓањето.
Тамара Тодевска денес (29.04) го слави 6-иот роденден на ќерката Хана и по тој повод сподели низа фотографии, како од нејзиното раѓање, така и од нејзиното растење.
Во објавата таа напиша дека Хана е нејзината среќа, љубов, богатство и дека е прекрасна сестра на 3-годишниот Дарен.
Емотивни фотографии со Хана како бебе сподели и Тијана Дапчевиќ која напиша:
„Пиле теткино, среќен 6-ти роденден, да си среќна, здрава и насмеана засекогаш, те сака тета најмногу на свет.“
Фотографиите што ги сподели Тамара:
Прочитајте и Тамара Тодевска го прослави 36-тиот роденден дувајќи свеќички со ќерката Хана (видео)
С. С. | Црнобело