Ивона Јо драстично ослабена, 8 месеци по операцијата - постојано има музички настапи, природата ѝ е лек (фото)
- Детали
- петок, 29 април 2022
„Пропатувај го светот, љуби кого сакаш, говори што мислиш, смеј се кога можеш, прочитај многу книги, извини се кога ќе погрешиш, оди таму каде што си среќна, откачи ги оние поради кои не си среќна...“, е мотото на Ивона Јо, која 8 месеци по операцијата на желудникот се пофали со драстичното симнување на килограми.
По околу 8 месеци од операцијата за кратење на желудникот, Ивона Јо изгледа сосема поинаку. Таа е драстично ослабена и задоволна од себе повеќе од кога било.
Резултатите се јасно видливи, а пејачката и инфлуенсерка комплетно се посвети на себеси и на подобрување на својот живот во секоја сфера.
Чита книги за мотивација, постојано има музички перформанси низ локалите во Македонија и секогаш пронаоѓа време за прошетки во природа.
„Заслужувам пролет и не должам никому ништо“, напиша таа во описот на најновите фотки на Инстаграм, на кои во виолетови тренерки и бела маичка ја истакнува својата сега веќе витка линија.
https://www.instagram.com/p/Cc3YEcIrlLx/
Таа деновиве ужива во читање на книгата „Нова земја“ од Екарт Тол од која потцртува фрази во кои се пронаоѓа.
Исто така на Инстаграм споделува мотивирачки цитати, кои лично неа ја инспирираат и во кои се пронаоѓа, а една од нив го доловува и нејзиното животно мото.
„Пропатувај го светот, љуби кого сакаш, говори што мислиш, смеј се кога можеш, прочитај многу книги, извини се кога ќе погрешиш, оди таму каде што си среќна, откачи ги оние поради кои не си среќна, запомни неважно е кој кому ќе му се јави и пушти го тоа што не можеш да го промениш. Заборави на вревата од светот, битките и бунтот и врескавите гласови и само диши...“
Нови фотографии од Ивона Јо:
https://www.instagram.com/p/CcdkNgILJxh/
https://www.instagram.com/p/Ccvji8LrzpV/
https://www.instagram.com/p/Ccs9_pNrpJ_/
https://www.instagram.com/p/Ccf94uBto15/
Видео од трансформацијата:
„Можеби повеќе од 4 часа се прашувам дали да го споделам видеото или не. Ми требаше храброст…
Иста просторија, различни луѓе. Различен mindset, различни навики, различен пристап кон вежбањето и исхраната. И конечно на второто видео љубов. Голема љубов.“
С. С. | Црнобело