Емотивен миг на Тамара Тодевска и нејзините деца - ја гледаат мама во прв ред со рачиња подадени кон неа
- Детали
- четврток, 21 април 2022
„Најубавата фотографија од вечерва. Хана, Дарен. Мама ве сака највеќе!“, напиша Тамара во описот на фотографијата каде нејзините деца со очи полни љубов од првиот ред ја бодрат на настап.
Тамара Тодевска имаше настап на настан во Скопје, каде како и секогаш одлично ја забавуваше публиката. Енергична и насмеана, таа едноставно ужива во тоа што го работи.
Но, покрај многуте присутни, во нејзиниот настап уживаа и нејзините најсакани - нејзините деца Хана и Дарен.
Во прв ред тие стоеја и ја бодреа мајка си, а таа во еден миг им пееше токму на нив. Овој миг е овековечен со фотографија и Тамара токму неаја прогласи за најубавата фотографија од вечерта.
Во описот на фотката што ја објави на Инстаграм напиша:
„Најубавата фотографија од вечерва. Хана, Дарен. Мама ве сака највеќе!“
https://www.instagram.com/tamaratodevska/
С. С. | Црнобело