Александра Шијакоска: „Дочекав и четврта операција, оддолу ми ја истрижаа косата - нема поента да тагувам“
- Детали
- среда, 20 април 2022
„Дочекав и четврта операција. Каква глава ќе беше оваа мојата. Колку животи имаа мачките? Може сум мачка, а не сум знаела досега. Нема поента веќе да тагувам, да се жалам и да ве полнам со негативна енергија...“, ја почнува објавата храбрата Александра Шијакоска, која доби дијагноза тумор на мозокот.
Македонската инфлуенсерка Александра Шијакоска по дијагностицирањето тумор на мозокот води тешка битка.
Таа е во болница, овојпат поради изведување на четврта операција на главата.
Храбрата Александра со доза позитива и хумор во најтешките денови споделува на Инстаграм со какви проблеми се соочува периодов.
Нејзината емотивна објава:
„Дочекав и четврта операција. Каква глава ќе беше оваа мојата. Колку животи имаа мачките? Може сум мачка, а не сум знаела досега.
Нема поента веќе да тагувам, да се жалам и да ве полнам со негативна енергија. Овој живот ми е доделен мене! Каков, таков. Има да си го живеам и песна да пеам.
Овојпат оддолу ми ја истрижаа косата. Ќе можам да камуфлирам дека имам коса.
Тука има една сестра Анастасија, се договоривме следно да се видиме на некоја плажа, не во болница.
Спремна сум за уште една вечер да бројам овци за да си одам дома. Не знам дали сум кажала воопшто не сакам болници, ни да лежам (лежам само ако се разболам), па ова ми е најголемата казна досега.“
С. С. | Црнобело