Скопјанка со уникатен моден стил и шминка инспирирана од Аниме ликови (фото)
- Детали
- сабота, 12 март 2022
„Мојот моден стил е доста инспириран од музиката која ја слушам и културата околу неа. Слушам најмногу техно, рап, трап и малку алтернативен рок. Инаку, заштитен знак ми е впечатливиот ајлајнер“, вели Николина Павловска (21) од Скопје за CRNOBELO.com.
фото: Александра Костадиновска
Николина Павловска (21) од Скопје е студентка на графички дизајн на Меѓународниот Балкански Универзитет, а е впечатлива по својот уникатен моден стил и шминката инспирирана од Аниме ликовите.
За CRNOBELO.com таа споделува од каде ѝ е инспирацијата за модниот стил:
„Мојот стил е доста инспириран од музиката која ја слушам и културата околу неа. Слушам најмногу техно, рап, трап и малку алтернативен рок.
Мојот моден стил можам да го опишам како микс на алтернативни и помодерни парчиња на облека кои се во тренд во моментов.
Најмногу сакам да сум во монотони и црни парчиња облека, но не се плашам и од боја. Тоа го докажува честото менување на боја на коса и шминката.
Кога сме веќе кај шминката мислам дека впечатливиот ајлајнер ми е заштитен знак, односно „statement” дел од мене. Никаде не излегувам без него.
За начинот на шминкање најмногу инспирација добивам од Аниме ликови и инфлуенсерки што ги следам на Инстаграм.“
Повеќе фотографии од скопјанката со уникатен изглед:
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
Фото: Александра Костадиновска + приватна архива