Maкедонска актерка и инфлуенсерка го откри полот на бебето со торта, украсни кутии и балони (видео)
- Детали
- сабота, 05 март 2022
„На овој специјален ден, роденденот на мојот сакан сакам да споделам големи вести. Помина веќе некое време откако ја дознав веста, но уште не можам да поверувам дека ќе станеме родители. Па, среќен роденден иден татко, си обезбеди подарок за цел живот...“, вели Владанка Крстевски, актерка во Театар Куманово.
Владанка Крстевски е дипломирана актерка на Факултетот за драмски уметност, вработена во Театар Куманово, но и инфлуенсерка со повеќе од 7.000 следбеници на Инстаграм.
Таа со својот сакан направи свадба во време на пандемија, потоа беа на меден месец во Мексико, а сега ја откри убавата вест дека е бремена, како и кој пол е бебенцето.
Владанка организираше забава за откривање на полот и тоа на уникатен начин. Прво со кршење на торта, која не им го откри полот, потоа со една украсна кутија и на крај со втора украсна кутија од која излетаа сини балони, па Владанка и партнерот дознаа дека очекуваат син.
Ова го направија токму на роденденот на нејзиниот партнер.
Во описот на видеото таа напиша:
„На овој специјален ден, роденденот на мојот сакан (04.03) сакам да споделам големи вести. Помина веќе некое време откако ја дознав веста, но уште не можам да поверувам дека ќе станеме родители.
Па, среќен роденден иден татко, си обезбеди подарок за цел живот и ме направи најсреќната личност на светот. Секогаш ќе ја имаш нашата безусловна љубов и поддршка.
Семејство од тројца. Едвај чекам да го запознаам мојот син.
Особена благодарност до нашите пријатели кои денот на откривање на полот на нашето бебе ни го направија толку прекрасен, ве сакаме, засекогаш. Да растеме заедно.“
Видео од откривањето на полот:
Прочитајте и Владанка Крстевски за свадбата во време на пандемија: „Презакажувавме неколкупати, беше стресно, но вредеше“
С. С. | Црнобело