Снежната мартовска идила во село Љубојно - родното место на Ламбе Алабаковски (фото)
- Детали
- среда, 02 март 2022
За Љубојно велат дека е едно од најубавите села во Македонија, се согласувате ли? Нашиот Ламбе Алабаковски е горд на својот роден крај и постојано говори за убавината на преспанскиот регион.
Ламбе Алабаковски e роден 1987 година во село Љубојно. Селото е во Општина Ресен, во областа Долна Преспа, а тој во текот на својата музичка кариера постојано истакнуваше колку е горд на своето родно место.
Сега, Ламбе се врати повторно да живее и гради музичка кариера во Македонија, па веруваме дека повторно редовно ќе го посетува својот роден крај.
Жителите на селото Љубојно имаат своја Фејсбук група на која постојано објавуваат фотографии од своето убаво село.
Снегот во март ги изненади и нив, па тие преку фотографии ја доловија снежната идила таму.
Прочитајте и Љубојно - едно од најубавите села во околината на Преспа (фото)
Снежната мартовска идила во Љубојно:
С. С. | Црнобело / фото: Фејсбук група Љубојно МК