Љубојно - едно од најубавите села во околината на Преспа (фото)
Во околината на Преспанското Езеро, Љубојно е едно од селата кои го заслужуваат вашето внимание. Сместено во пазувите на планината Баба, чистиот воздух и топлите селани, ќе ви посакаат вистинско добредојде.
Разнобојни фасади на околу 350 куќи се препознатливи за ова село – куќите изградени од камен денес се обновуваат, но се градат и современи домови.
Во центарот на селото е сместена црквата „Св. Јован Богослов“ изградена во 1861 година. Инаку, има 12 цркви и манастири од кои најголем манастир е „Св. Петар и Павле“ до кој се стигнува низ планински пат додека уживате во преубава природа.
Најголем дел од населението се занимава со овоштарство, во главно, производство на јаболка како и во поголемиот дел од селата во околината на Ресен.
Низ атарот на селото тече Брајчинска Река, препознатлива по бистрата вода.
Туристите го сакаат Љубојно заради живописната природа, близината на Преспанското Езеро и вкусната храна.
Задолжително мора да ја посетите етно куќата „Стара чешма“ со традиционални вкусни специјалитети. Овде имате можност и да преноќите.
https://www.instagram.com/p/BGwqPi2gU-P/?utm_source=ig_web_copy_link
Погледнете некои од најубавите фотки од Љубојно на Инстаграм:
https://www.instagram.com/p/CDrieqwn023/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CDgWJMxplI0/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CDqmZdbJ_Sy/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CB_cmCmHi-7/?utm_source=ig_web_copy_link
Кога веќе сте во оваа околина, не заборавајте да прошетате и низ другиот Преспански бисер - селото Брајчино: Природна, македонска убавина – Брајчино, мир за умот и душата (фото)
Е. П. | Црнобело