Природна, македонска убавина – Брајчино, мир за умот и душата (фото)
Брајчино се наоѓа во Долна Преспа. Од Преспанско Езеро е оддалечено околу 6 километри, а 32 километри од Ресен.
Брајчино е лоцирано на 1000 m надморска височина. Селото се наоѓа во средишниот дел на Брајчинска Река позната по својата кристално чиста вода која го дели селото на Горно Маало и Долно Маало, од левиот односно десниот брег.
Брајчино се вбројува во едно од најубавите македонски села. Епитетите се истакнуваат поради неговата прекрасна местоположба помеѓу Преспанското Езеро и Националниот парк Пелистер, но и гостопримливите домаќини, прекрасната локална архитектура, вкусните специјалитети меѓу кои е и пастрмката и секако, мирот и тишината.
Можеби ова лето нема да можеме така лесно да ги преминеме границите на Македонија, но реалноста е дека и нашата држава има неверојатни места за одмор.
Погледнете го магичното Брајчино: