Васил Зафирчев го прослави 42-иот роденден - му честиташе и поранешната сопруга Калиопи
- Детали
- вторник, 01 март 2022
Нашиот актер наполни 42 години. Прегрнати и насмеани на честитката на Инстаграм Стори кај Калиопи (55), таа и Васил се пример за поранешни брачни сопружници кои останаа пријатели по разделбата.
Васил Зафирчев, или во последно време - нашиот омилен готвач Марио од серијата „Преспав“, денес (01.03) го слави својот 42-ри роденден.
По тој повод актерот објави фотографија на која има свеќички 4-ка и 2-ка и во описот напиша:
„42. роденден. Од тортата останаа само броевите. Една четворка, сосем обична. И една двојка која ѝ пркоси по својата големина, па затоа треба да стои пред, а не зад неа.
Впрочем, за животот и неговата суштина, годините навистина се само бројка. Единствено важна е полнотијата со која го живееме, внатрешното чувство на исполнетост и хармонија и односот кој го имаме кон себеси. Сѐ друго е само перцепција. Најчесто погрешна.
Драги пријатели, ви благодарам за убавите мисли и чувства кои ги споделивте со мене. И ви посакувам да се грижите единствено и само за суштината на вашиот живот, да ги негувате и остварувате вашите страсти, желби и замисли, да ги чувате мирот и хармонијата во вас и да сте секогаш исполнети со она што го имате сега, а ве прави среќни!“
Роденденот на Васил му го честиташе и неговата поранешна сопруга, нашата поп дива Калиопи.
Прегрнати и насмеани на честитката на Инстаграм Стори кај Калиопи, тие се пример за поранешни брачни сопружници кои останаа пријатели по разделбата.
С. С. | Црнобело