„Порта Македонија“ слави 10 години од своето постоење – кое е вашето мислење за објектот во срцето на Скопје? (фото)
- Детали
- недела, 06 март 2022
Споменикот во облик на славолак, односно триумфална арка, се наоѓа на плоштадот Пела во Скопје. Прогласена е за културно наследство на Македонија со цел да се заштити. Споменикот беше најавен како дел од проектот „Скопје 2014“ и свечено отворен на 6 јануари 2012.
Портата Македонија е висока 21 m. Однадвор има релјефи на површина од 193 m2 што илустрираат разни настани и обележја од историјата на Македонија и нејзината култура.
Во внатрешноста има галериски простор на две нивоа и продавница за сувенири. На горниот дел од Порта Македонија има платформа за набљудување со три дурбини, а до таму водат два лифта и две скалишта.
Порта Македонија или уште позната како „Триумфална капија“, е дело на вајарката Валентина Стефановска, авторката на споменикот „Воин на коњ“.
Покрај историските сцени прикажани на 32 релјефи на кои се прикажани сцени од праисторијата преку наколната населба во Заливот на коските, антиката со Александар Македонски, средниот век со сесловенските просветители Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски, Цар Самуил и подоцнежните периоди со Крале Марко и Карпош, а XX век е претставен со Илинден, АСНОМ, егзодусот од Егејска Македонија, па сè до прогласувањето на независноста на Македонија во 1991 година, страничните ѕидови се украсени со артефакти од народната материјална култура, како и четири бронзени статуи на аглите врз первазот.
Оваа година, „Триумфалната капија“ во срцето на Скопје ја прославува својата прва декада од постоењето. Што мислите за Порта Македонија?
https://www.instagram.com/p/CV88WXas7Lu/
(О)Милена | Црнобело