Каролина Гочева во кроп-топ и свилено здолниште го истакна тенкиот струк на настап во Скопје
- Детали
- вторник, 15 февруари 2022
Каролина повторно беше совршено нашминкана од вештите раце на нејзиниот долгогодишен пријател и соработник Дадар, а за стајлингот се погрижи дизајнерката Јована Филиповиќ во соработка со турската дизајнерка Ајбуке Баркчин. Како ви се допаѓа нашата поп дива во ова издание?
Каролина Гочева без проблем полни музички сали и тоа многупати по ред, но поради пандемијата нашата поп дива одамна немала настап, па токму затоа по повод Денот на вљубените ги изненади фановите.
Таа настапи во скопски локал, кој не беше доволно голем за да ги собере сите вљубеници во нејзината музика.
Со познатите рефрени кои присутните едногласно ги пееја со неа, Каролина уште еднаш направи одлична атмосфера и докажа дека има армија на фанови кои ја обожаваат.
За оваа пригода таа се одлучи за црн кроп-топ и сино здолниште од свила. За стајлингот беше задолжена дизајнерката Јована Филиповиќ, а свиленото здолниште е дело на турската дизајнерка Ајбуке Баркчин.
Шминката беше дело на нејзиниот долгогодишен соработник и пријател Александар Билјановски Дадар.
Што носеше Каролина на настапот во Скопје:
фото: Инстаграм Јована Филиповиќ
Видеa од настапот:
Od nas zavisi … #KarolinaGocheva 👑🙌
Posted by Trencheva Botovacha Slobodanka on Monday, February 14, 2022
С. С. | Црнобело