„Убавицата го скроти ѕверот“ – Илина Арсова на дружба со Игор и неговата сестра + повторно ги покажа бицепсите и талентите
- Детали
- вторник, 15 февруари 2022
„Прекрасни сте, полни со љубов / Убавицата го скроти ѕверот“ – коментираат следбениците на Илина и Игор на фотографијата што тој ја објави, каде својата сакана ја опиша како заспаната убавица, а себеси како „ѕверот“, додека пак Илина објави фотка со неговата сестра Татјана од алпинистичко качување, а ги покажа и мајсторските таленти по дома.
Нашата најпозната планинарка и ликовна уметница Илина Арсова (39) деновиве објави повеќе фотографии на кои се гледа дека убавото време го искористила за да го прави тоа што најмногу го сака и да помине еден ден во алпинистичко искачување.
Таа на Инстаграм објави повеќе фотографии со сестрата на нејзиниот партнер Игор Џамбазов, Татјана Џамбазова, а до нив напиша:
„Некое сличе со золвата у акција. Честит Трифун или кој што слави“.
Претходно Игор објави љубовна фотка со својата сакана и напиша: „Заспаната убавица и ѕверот“.
Илина веднаш во коментарите одговори: „Љубов“, а нивните следбеници на Инстаграм им го честитаа Денот на вљубените.
„Убавицата го скроти ѕверот“, „Прекрасни сте, полни со љубов“, „Си го подмладела“, „Насмевката на Трајче дрварчето се врати“, „Толку природни и едноставни, затоа сте најдобри“ – стои во дел од коментарите.
На Инстаграм Стори, Илина објави уште една фотографија на која се гледа дека по убавиот ден поминат со блиските повторно се зафатила со мајсторски работи по дома и ги покажа бицепсите.
Погледнете уште неколку фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело