Македонската претставничка на Евровизија го прослави 22-иот роденден: „Најголемата желба ми е вкусна победа“
- Детали
- вторник, 15 февруари 2022
„Годинава веќе ми подари преубави нешта“ – нашата претставничка на Евровизија 2022, Андреа Коевска го прослави 22-иот роденден, а откри која ѝ е најголемата желба годинава.
Вчера (14.02) со торта декорирана со евровизискиот микрофон, нашата претставничка на Евровизија 2022, Андреа Коевска го прослави својот 22-ри роденден.
Таа на Инстаграм сподели фотографии на кои може да се види како во раце држи торта со запалени свеќички.
„Годинава веќе ми подари преубави нешта и се надевам дека така ќе продолжи, како за мене така и за сите. Знаете која ми е роденденската желба затоа што е и заедничка. Фала ви однапред за убавите честитки!“ – напиша таа до фотографиите.
Голем број од нејзините обожаватели освен што упатија честитки за роденденот ѝ посакаа среќа и за настапот во Торино.
На Инстаграм Стори таа објави кратко видео на кое се гледа како ја јаде декорацијата во форма на микрофон на роденденската торта и вели: „Вкусна победа“.
За потсетување, Андреа Коевска победи на изборот за македонски претставник на Евровизија 2022. Таа на сцената во Торино ќе настапи со песната „Circles“.
Нашата претставничка беше избрана преку онлајн гласање, како и од гласовите на меѓународното стручно жири. За изборот се користеше евровизискиот принцип на гласање (50:50).
Слушнете ја уште еднаш песната Circles со која таа годинава ќе нè претставува на Евровизија:
Б. С. Б. | Црнобело