Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Андреа Коевска ќе нè претставува на Евровизија во Италија со песната „Circles“

Андреа Коевска ќе нè претставува на овогодишното издание на Евровизија во Торино, Италија.

andrea-koevska-kje-ne-pretstavuva-na-evrovizija-vo-italija-so-pesnata-circles-01.jpgфото: Инстаграм

По седум дена, заврши гласањето за избор на нашиот претставник на Евровизија, а оваа чест ѝ припадна на Андреа Коевска. Таа ќе нè претставува со песната „Circles“.

Поради победата на Maneskin во 2021-ва, годинава изборот ќе се одржи во Торино, Италија.

Нашата претставничка беше избрана преку онлајн гласање, како и од гласовите на меѓународното стручно жири. За изборот се користеше евровизискиот принцип на гласање (50:50).

Годинава Македонија ќе настапи на втората полуфинална вечер на 12 мај.

Во продолжение слушнете ја евровизиската песна на Андреа:

Прочитајте повеќе: Македонија гласа за својот фаворит за „Евровизија 2022“ – Кои земји веќе ги избраа претставниците

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Највпечатлив настап на српскиот избор за Евровизија: 6 дрег кралици ги поделија мислењата по влезот ... Мислењата за нивниот настап се поделени, но 5-те дрег кралици имаа впечатлив нас...
Песната „Тие очи“ на Ивона Јо ја претставува Македонија на онлајн евровизиски натпревар Овој забавен натпревар се организира секој месец преку Инстаграм, а месецов Ивон...
По скандалот со победниците, Црна Гора избра песна од Дарко Димитров за Евровизија 2025 Ова ќе биде 14-то учество на Дарко Димитров на Евросонг, кој низ годините, освен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg