Запросување на Македонка на спектакуларно место на француските Алпи, со дијамант стар 300 години (фото+видео)
- Детали
- четврток, 10 февруари 2022
Антонио од Скопје за време на скијањето во Франција ја запросил својата сакана Ива на навистина уникатно место. „Сакав запросувањето да биде на некое спектакуларно место за да го помни цел живот..“, открива тој за CRNOBELO.com.
Антонио од Скопје, по професија златар, ја запроси својата сакана Ива од Скопје на спектакуларно место на француските Алпи.
За време на зимскиот одмор во Франција, по повеќе од 3 години врска, тој одлучи да ѝ приреди неверојатно изненадување.
Интересно е што Антонио потекнува од најстарата златарска фамилија во Македонија, со 500 години традиција, па свршеничкиот прстен е изработен токму од негови раце.
Станува збор за прстен со најстариот дијамант од неговото семејство Гомбар, кој е 300 години стар. Антонио вели дека таков квалитет во денешно време е тешко да се пронајде.
За CRNOBELO.com тој открива детали од запросувањето:
„Сакав запросувањето да биде на некое уникатно и спектакуларно место за да го помни цел живот, па одлучив да биде француските Алпи, каде е највисокиот врв во Eвропа Монблан (4.808m).
Поточно запросувањето беше на местото „Aiguille du Midi“ на француските алпи, кое е популарна туристичка дестинација.
Сакам уникатни работи и екстремни спортови, па токму затоа се одлучив за ова место додека сме на скијање во Франција. Се возевме со стаклена гондола, која нè однесе на надморска височина од 2.700 метри, потоа продолживме малку по скали, па се возевме со лифтови во самата зграда кои нè однесоа до врвот на иглата во која е стакленото ѕвоно и таму ја запросив.
За таму стотици луѓе чекаат ред и е атракција од типот на Ајфеловата кула. Стаклото е изработено на специјален начин, а од големата надморска висина дури и воздухот е поредок. За ова стакло да остане транспарентно, на туристите им се даваат меки влечки, благодарение на кои подот не се гребе и останува во првобитната форма.
Ива беше навистина изненадена. Прстенот е рачно изработен за неа по модел круна солитер, кој го изработувале златарите за кралските фамилии.“