Запросување на Македонка на спектакуларно место на француските Алпи, со дијамант стар 300 години (фото+видео)

Антонио од Скопје за време на скијањето во Франција ја запросил својата сакана Ива на навистина уникатно место. „Сакав запросувањето да биде на некое спектакуларно место за да го помни цел живот..“, открива тој за CRNOBELO.com.

zaprosuvanje-na-makedonka-na-spektakularno-mesto-na-francuskite-alpi-so-dijamant-star-300-godini-foto-video-01.jpg

Антонио од Скопје, по професија златар, ја запроси својата сакана Ива од Скопје на спектакуларно место на француските Алпи.

За време на зимскиот одмор во Франција, по повеќе од 3 години врска, тој одлучи да ѝ приреди неверојатно изненадување.

Интересно е што Антонио потекнува од најстарата златарска фамилија во Македонија, со 500 години традиција, па свршеничкиот прстен е изработен токму од негови раце.

Станува збор за прстен со најстариот дијамант од неговото семејство Гомбар, кој е 300 години стар. Антонио вели дека таков квалитет во денешно време е тешко да се пронајде.

За CRNOBELO.com тој открива детали од запросувањето:

„Сакав запросувањето да биде на некое уникатно и спектакуларно место за да го помни цел живот, па одлучив да биде француските Алпи, каде е највисокиот врв во Eвропа Монблан (4.808m).

Поточно запросувањето беше на местото „Aiguille du Midi“ на француските алпи, кое е популарна туристичка дестинација.

zaprosuvanje-na-makedonka-na-spektakularno-mesto-na-francuskite-alpi-so-dijamant-star-300-godini-foto-video-06.jpg

Сакам уникатни работи и екстремни спортови, па токму затоа се одлучив за ова место додека сме на скијање во Франција. Се возевме со стаклена гондола, која нè однесе на надморска височина од 2.700 метри, потоа продолживме малку по скали, па се возевме со лифтови во самата зграда кои нè однесоа до врвот на иглата во која е стакленото ѕвоно и таму ја запросив.

zaprosuvanje-na-makedonka-na-spektakularno-mesto-na-francuskite-alpi-so-dijamant-star-300-godini-foto-video-001.jpg

За таму стотици луѓе чекаат ред и е атракција од типот на Ајфеловата кула. Стаклото е изработено на специјален начин, а од големата надморска висина дури и воздухот е поредок. За ова стакло да остане транспарентно, на туристите им се даваат меки влечки, благодарение на кои подот не се гребе и останува во првобитната форма.

Ива беше навистина изненадена. Прстенот е рачно изработен за неа по модел круна солитер, кој го изработувале златарите за кралските фамилии.“

zaprosuvanje-na-makedonka-na-spektakularno-mesto-na-francuskite-alpi-so-dijamant-star-300-godini-foto-video-05.jpg

zaprosuvanje-na-makedonka-na-spektakularno-mesto-na-francuskite-alpi-so-dijamant-star-300-godini-foto-video-04.jpg

zaprosuvanje-na-makedonka-na-spektakularno-mesto-na-francuskite-alpi-so-dijamant-star-300-godini-foto-video-03.jpg

Приказната продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Македонка освои бронза на првенство во џудо и уште 4 позитивни вести што нè израдуваа оваа недела Нашиот познат кардиолог Сашко Кедев, кој е страстен алпинист, направи уште еден ...
Македонка беше запросена во хеликоптер за време на лет над Монако (фото) „Влеговме во хеликоптерот и заедно уживавме во глетката - море преполно со луксу...
Македонка го живее својот сон во Осло: Сопругот фудбалер шутна топка и го откри полот на бебето Ана Најдовска од Скопје веќе години наназад Норвешка ја нарекува својот дом. Там...
Македонец стана вирален хит - Го крена во прегратка својот идол Џаред Лето на концерт во Белград (фо... „На сцената кажав ‘Jас сум Христијан и доаѓам од Македонија’, па на Џаред Лето м...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg