Скопско такси возило, декорирано со срциња, е позитива на денот - вака се сака работата (фото)
- Детали
- среда, 09 февруари 2022
Македонка, воодушевена од сцената што ја дочекала во скопско такси возило, сподели: „Заедно со жена му го декорирале цело такси“... Кога професијата се работи со љубов, има и ваква позитива на денот, зарем не?
Сандра Кирков е наша инфлуенсерка и поранешна стјуардеса, која во една пригода ја пренесе својата приказна за авантурите низ светот за CRNOBELO.com.
Сега, на Инстаграм стори сподели интересна сцена на која посведочила додека се возела во такси возило по скопските улици.
Таа штом се качила во возилото била воодушевена од декорацијата на најлонот, кој ги дели задните седишта за патници од возачот поради заштита од корона вирус. Возачот кој очигледно си ја сака работата и сака да си го разубави денот како себеси, така и на патниците, ѝ открил дека најлонот го украсил со помош на неговата сопруга.
Залепени се низа срциња, усни и „love“ знакчиња. Навистина симпатично, зарем не?
Оваа сцена дефинитивно ја прогласуваме за позитива на денот:
С. С. | Црнобело