Сандра Кирков, наша стјуардеса во Fly Emirates: Сакам да го пренесам светот преку објектив

Ако сте дел од Инстаграм светот сигурно го имате забележано профилот @sandra_kirkov, девојка од Скопје, која веќе шест години го освојува светот и сака да го пренесе преку објектив.

sandra kirkov sakam da go prenesam svetot preku objektiv 2

Иако местото на живеење ѝ се води во Дубаи, таа најмалку од времето го поминува таму. Сандра Кирков е дипломиран економист со завршен факултет во Дубровник, Хрватска, каде во 2012 го напушта Балканот и заминува за Средниот Исток.

Моментално работи за Fly Emirates, водечка авиокомпанија во светот, со што ги посетува сите континенти.

sandra-kirkov-sakam-da-go-prenesam-svetot-preku-objektiv-2-3.jpg

„Иако работата ми е доста напорна, најмногу поради нередовното спиење и менувањето на временски зони, секој месец во сите овие години јас задолжително одам во Скопје. Понекогаш и двапати месечно, петчасовен лет ме дели од најблиските, па пробувам да го користам времето со нив најмногу што можам“, споделува Сандра.

sandra-kirkov-sakam-da-go-prenesam-svetot-preku-objektiv-2-8.jpg

Сандра смета дека пред некој самостојно да се впушти во истражување на светот тоа може да го направи преку фотографии. За неа Инстаграм е простор каде секој си креира своја приказна, со свои правила и бои, си има свој “мини блог” и свој круг на таканаречени “инста-пријатели”. 

sandra-kirkov-sakam-da-go-prenesam-svetot-preku-objektiv-2-1.jpg

„Инспирацијата ја наоѓам секојдневно во местата што ги посетувам“, ни открива Сандра. „Па зошто тогаш да не споделам убав момент со останатиот свет кој што би сакал да го посети истиот град, или да има однапред некој корисен совет? Јас и понатаму следам профили кои што ќе ми помогнат да ги одберам вистинските места на една дестинација, каде да се појадува, што да се фотографира...“

Инстаграм ѝ е омилен социјален медиум на Сандра. Иако доста луѓе ѝ велат: “Зар не ти е незгодно цел свет да ти го знае секојдневието”, таа смета дека тоа е индивидуална одлука и секој сам си одбира што ќе сподели со јавноста, во зависност од тоа дали профилот е за мода, патувања, спорт или слично.

sandra-kirkov-sakam-da-go-prenesam-svetot-preku-objektiv-2-5.jpg

„Никој не те обврзува да објавуваш нешто што не сакаш, сè зависи само од тебе и никој друг. Токму преку Инстаграм запознав многу драги луѓе со кои што имаме заеднички интереси и верувам дека ќе останеме пријатели. Омилени ми се кафињата со инста-другарките во Сиднеј, Минхен, Сингапур, Лондон, а едвај ги чекам Балканските средби во Загреб и Белград, за кои што веќе подолго време се договараме, но никако да го добијам летот за Загреб. Се надевам наскоро!“, раскажува инстаграмџиката, која најмногу ја сака Европската архитектура. Кога нема можност да ја фотографира истата, природата секогаш ѝ е во втор план.

sandra-kirkov-sakam-da-go-prenesam-svetot-preku-objektiv-2-6.jpg

Сандра е голем обожавател на цвеќе, кое секогаш ѝ го разубавува домот. Во секој град што го посетува се труди да најде нешто автентично, интересно за себе и нешто што мисли дека сите би требале да го видат.

sandra-kirkov-sakam-da-go-prenesam-svetot-preku-objektiv-2-7.jpg

„Од мојот Samsung 7 Еdge не се двојам, тој е виновникот за 85% од фотографиите на Инстаграм. Canon 750D ми е втората омилена играчка што шета заедно со мене. Во последно време од објективи користам Sigma 35mm и сум презадоволна!   

Кога за прв пат посетува некое место, Сандра најпрво пребарува на интернет за да може да направи листа на приоритети. Денот секогаш ѝ започнува со вкусен појадок во некое прекрасно место, па дури после тоа можат да започнат авантурите. Музеи, храмови, градини, познати улици и ресторани се секогаш во топ 5 листата на Сандра Кирков.

sandra-kirkov-sakam-da-go-prenesam-svetot-preku-objektiv-2-4.jpg

„Отсекогаш сум сакала да патувам и дури како малечка сум шетала многу, благодарение на моите родители. Најсреќниот момент ми е кога се спремам за пат на нова локација, да го откријам непознатото. Преку патувањата научив да бидам потрпелива, да дознаам што ќе ме усреќи повеќе, а што помалку. Научив дека гледајќи ги другите, моите проблеми не се најголеми или нерешливи. Си го наоѓам мирот во секое место, научив како вистински да уживам и во малите работи, тоа е среќа“, искрено споделува Сандра, која секојдневно учи нешто ново. Номадска приказна полна со авантури, шаренило и исполнето срце, тоа е животот на нашата инстаграмџика.

sandra-kirkov-sakam-da-go-prenesam-svetot-preku-objektiv-2-2.jpg

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Најубавите божиќни базари во Европа за 2023, кои вреди да ги посетите Од базарите во Стразбур и Колмар во Франција, до малиот базар во Опатија, Хрватс...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg