„Амбла, прекрасна си!“ - Емотивни статуси на Фејсбук за поддршка на дискриминираното девојче со Даунов синдром од Гостивар

„Децата не бирааат какви да бидат кога ќе се родат. Само знам дека сакаат да бидат сакани, ценети и пазени. Не постојат деца со посебни потреби, туку луѓе со посебни критериуми ‘за нормалност’....“, гласи еден од статусите посветени на Амбла, дискриминираното девојче со Даунов синдром од Гостивар.

ambla-prekrasna-si-emotivni-statusi-na-fejsbuk-za-poddrshka-na-nashiot-mal-heroj-po-diskriminacijata-01.jpgфото: Фејсбук

Вчера (02.02) осамна вест која ја крена на нозе цела Македонија.

Станува збор за дискриминацијата на 11-годишно девојче со Даунов синдром од Гостивар по име Амбла, кое не било прифатено од соучениците во основото училиште каде учела, а нивните родители дури се организирале да ја бојкотираат наставата и поднеле петиција за таа да биде одвоена од нивните деца, наводно поради агресивно однесување.

Потегот на овие родители ја згрози јавноста, а на Фејсбук осамнаа низа статуси за поддршка на малото девојче-херој Амбла:

„Децата учат од родителите. Родителите немало кој да ги научи, но не е доцна да разберат, да се прекине ланецот на дискриминација. За Амбла и за сите деца кои се соочуваат со дискриминација.“ – Миа Костова

ambla-prekrasna-si-emotivni-statusi-na-fejsbuk-za-poddrshka-na-nashiot-mal-heroj-po-diskriminacijata-04.jpg

„Децата не бирааат какви да бидат кога ќе се родат. Само знам дека сакаат да бидат сакани, ценети и пазени.

Не постојат деца со посебни потреби, туку луѓе со посебни критериуми „за нормалност”.

Секој човек има потреба од галкање, мазење и пазење. Од љубов, внимание… а овие личности се специјални им треба уште повеќе од она што ние „нормалните” го добиваме.

Не ги разбирам родителите кои како од оган бегаат од децата со Даунов или аутизам. Зошто? Секое дете е дете. Зарем едното е полошо? Зарем треба од најмали нозе да ги учите на делба?

Поддршка за Амбла и нејзините родители. Се надевам дека нивната борба нема да запре, бидејќи ниту едно дете не заслужува да добива ваков третман. Ниту едно.“ – Марија Прличкова

ambla-prekrasna-si-emotivni-statusi-na-fejsbuk-za-poddrshka-na-nashiot-mal-heroj-po-diskriminacijata-02.jpg

„Децата учат од родителите. Родителите немало кој да ги научи, но не е доцна да разберат, да се прекине ланецот на дискриминација. За Амбла и за сите деца кои се соочуваат со дискриминација.“ – Божидар Божиновски

ambla-prekrasna-si-emotivni-statusi-na-fejsbuk-za-poddrshka-na-nashiot-mal-heroj-po-diskriminacijata-03.jpg

„Светот подеднакво им припаѓа на сите деца кои се посебни и совршени на свој начин. Необразовани родители одлучуваат да не ги испраќаат своите деца на училиште во Гостивар за да ги образуваат, само затоа што нивните деца треба да учат во ист клас со нивната врсничка Амбла, дете со Даунов синдром. Амбла беше бојкотирана во првото полугодие. Истото го прават и сега.“ - Дина Јосифоска

ambla-prekrasna-si-emotivni-statusi-na-fejsbuk-za-poddrshka-na-diskriminiranoto-devojche-so-daunov-sindrom-od-gostivar-05.jpg

„Родителите на врсниците на Амбла решиле да ја бојкотираат наставата во второ полугодие во училиште во Гостивар, само затоа што девојчето е со Даунов синдром. Во какво општество живееме. Поддршка Амбла...“ - Боби Илиевски

ambla-prekrasna-si-emotivni-statusi-na-fejsbuk-za-poddrshka-na-diskriminiranoto-devojche-so-daunov-sindrom-od-gostivar-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Миа Костова со моќна порака до сите мајки: „Материјалното не го воспитува детето – му требате вие!“ „Нека не ве фрустрира ако немате сè она што го гледате на Инстаграм или на ТикТо...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg