Македонска инструкторка по јога ќе ве воодушеви со флексибилноста (фото)
- Детали
- вторник, 25 јануари 2022
Секоја нејзина фотографија ве тера да се запрашате како е можно некој да го направи тоа... Фит и флексибилна, јога инструкторката Верица Коцева успева да изведе апсолутно сѐ.
Верица Коцева (33) е сертифициран инструктор по јога, а со само еден поглед на нејзиниот Инстаграм профил ќе бидете воодушевени од нејзината флексибилност.
Таа дефинитивно е доказ дека јогата придонесува за младешки и фит изглед.
За CRNOBELO.com вели:
„Отсекогаш сум била спортски активна, вежбав уште како дете, па кога пред 4 години почнав да се занимавам со јога, моето тело веќе некако беше подготвено за тоа. Бев флексибилна отсекогаш, но со вежбањето јога секој ден, без исклучок, дојдов до овој степен денес.
Омилен дел од денот ми е токму периодот кој го минувам во моето јога студио. Јогата дефинитивно е лек за сѐ.“
Фотографии од нашата јога инструкторка: