Актерот Жарко Димоски сведок на страшната несреќа во Скопје: „Слушнав крици кои нема да ги заборавам цел живот“
- Детали
- петок, 21 јануари 2022
„Бев случаен сведок кога еден млад дечко ја констатира смртта на девојката. Улиците ни се како минско поле, ризик е да излезеш од дома, за жалење сме....“
Вчера (20.01) во Скопје се случи страшна сообраќајна незгода во која 24-годишна девојка која поминувала на пешачки премин го изгуби животот, а момче беше повредено и хоспитализирано.
Страшна несреќа која уште еднаш нè потсети дека неопходно е да ги почитуваме сообраќајните правила, да внимаваме и на другите учесници во сообраќајот и да бидеме одговорни и кон себе и кон другите.
Македонија изгуби уште една млад живот и болката е преголема.
Актерот Жарко Димоски на својот Фејсбук профил откри дека бил сведок на настанот.
Неговата објава гласи:
„Бев случаен сведок кога еден млад дечко ја констатира смртта на девојката, СЛУШНАВ КРИЦИ ШТО НЕМА ДА ГИ ЗАБОРАВАМ ЦЕЛ ЖИВОТ.
Улиците ни се како минско поле, ризик е да излезеш од дома, за жалење сме.
СОЧУВСТВО.“
С. С. | Црнобело