„Тоа е моето Стење“ - Македонка по бикини се сонча покрај Преспанското Езеро на почетокот од јануари

„Времето денес со температура до 12 Целзиусови степени. Зимскиот одмор не можеше да биде подобар. Сонце и плажа... Тоа е моето Стење“, напиша некогашната стјуардеса Јулија на својот Инстаграм профил.

toa-e-moeto-stenje-makedonka-po-bikini-se-soncha-pokraj-prespanskoto-ezero-na-pochetokot-od-januari-01.jpg

Јулија Џорџ по потекло од Стење е некогашна стјуардеса која сега живее и работи во Германија како медицинско лице, но им дава и совети на идните стјуардеси околу интервјуата за работа и професијата.

Периодов таа престојува во родното Стење и храбро денес (5-ти јануари) се соблече по бикини и со новогодишна капа се сончаше покрај Преспанското Езеро.

Стење е село во Општина Ресен на брегот на Преспанско Езеро во источното подножје на планината Галичица.

https://www.instagram.com/p/CT0H1YqN5I0/

Нејзината објава:

05.01.2022
Времето денес со температура до 12 Целзиусови степени

Балканот е место што изобилува со мирни, некомерцијални и за многумина непознати места како што е моето Стење.

Стење се наоѓа на самиот брег на заливот Лиса на Големото Преспанско Езеро, вгнездено во источното подножје на планината Галичица. Се наоѓа на надморска височина од 855 метри, од левата страна на патот Битола-Корча, во непосредна близина на самата граница со Албанија.

Во близина на селото се наоѓа и истоимениот граничен премин.

Зимскиот одмор не можеше да биде подобар.
Снег, планина, сонце и плажа.

Тоа е моето Стење

https://www.instagram.com/p/CYWL7E_tasH/

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонка го живее својот сон во Осло: Сопругот фудбалер шутна топка и го откри полот на бебето Ана Најдовска од Скопје веќе години наназад Норвешка ја нарекува својот дом. Там...
Македонка беше запросена во хеликоптер за време на лет над Монако (фото) „Влеговме во хеликоптерот и заедно уживавме во глетката - море преполно со луксу...
Македонка освои бронза на првенство во џудо и уште 4 позитивни вести што нè израдуваа оваа недела Нашиот познат кардиолог Сашко Кедев, кој е страстен алпинист, направи уште еден ...
Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg