Млад чевлар од Скопје го изненади татко си: „Му ги реставрирав омилените патики за да му ја вратам насмевката“

„Синко овие ми се најудобните патики што сум ги носел некогаш, подарок ми се од тебе, но по 4 години ги уништив. Со нив работев секаква работа затоа што во нив најудобно се чувствував...“, му кажал 68-годишниот татко на Филип и тој не можел, а да не го изненади.

mlad-chevlar-od-skopje-go-iznenadi-tatko-si-mu-gi-restavrirav-omilenite-patiki-za-da-mu-ja-vratam-nasmevkata-01.jpg

Филип Костовски е 32-годишен скопјанец кој повеќе од една деценија се занимава со чевларскиот занает и сега со помош на својот талент за поправка на чевли го изненади на навистина емотивен начин својот татко Бранко (68).

Филип вели дека одлучил да ги реставрира омилените чевли на неговиот татко, кој ги носи кога работи секаков тип на физичка работа.

Кога има млади луѓе што си ја сакаат професијата, а пред сѐ своите родители, тогаш има и вакви емотивни потези. Браво Филип!

eve-gi-tatko-tvoite-omileni-chevli-mlad-chevlar-od-skopje-go-raznezhni-tatko-si-so-iznenaduvanjeto-02.jpg

За CRNOBELO.com Филип споделува како ја смислил оваа идеја:

„Еве ги татко, твоите омилени чевли се пак нови...“, му кажав кога сѐ беше готово. Како што имам изненадено многу луѓе со моите поправки на чевли, овојпат решив да го изненадам мојот татко.

eve-gi-tatko-tvoite-omileni-chevli-mlad-chevlar-od-skopje-go-raznezhni-tatko-si-so-iznenaduvanjeto-0001.jpg

„Синко овие ми се најудобните патики што сум ги носел некогаш, подарок ми се од тебе, но по 4 години ги уништив. Со нив работев секаква работа затоа што во нив најудобно се чувствував, ако најдеш каде се продаваат пак земи ми јас ќе ти дадам пари“, ми рече татко ми.

eve-gi-tatko-tvoite-omileni-chevli-mlad-chevlar-od-skopje-go-raznezhni-tatko-si-so-iznenaduvanjeto-03.jpg

Јас ги барав секаде, но ги немаше веќе како модел, сите беа слични, но не беа такви.

eve-gi-tatko-tvoite-omileni-chevli-mlad-chevlar-od-skopje-go-raznezhni-tatko-si-so-iznenaduvanjeto-05.jpg

Се решив како чевлар јас да ги реставрирам од почеток комплет. Па, како што работеше со нив само му реков дај ми ги на неколку дена да побарам исти такви (но не му кажав дека ќе ги реставрирам).

eve-gi-tatko-tvoite-omileni-chevli-mlad-chevlar-od-skopje-go-raznezhni-tatko-si-so-iznenaduvanjeto-07.jpg

Почнав со хемиско чистење, па отпарување на мрежата, јазиците и сѐ останато, потоа се ставаа нови парчиња, па фарбање, па лак и сѐ останато по ред...

eve-gi-tatko-tvoite-omileni-chevli-mlad-chevlar-od-skopje-go-raznezhni-tatko-si-so-iznenaduvanjeto-09.jpg

На крај излегоа совршено, буквално како нови и вратени пак во живот. За крај како подарок за новата година ги спакував и му ги дадов, ги отвори, ги виде и пријатно се изненади и во неверување зачудено ме праша: „Што направи дали овие се истите?“

eve-gi-tatko-tvoite-omileni-chevli-mlad-chevlar-od-skopje-go-raznezhni-tatko-si-so-iznenaduvanjeto-11.jpg

„Да, јас лично ги реставрирав за да ти ја вратам насмевката. Ако сакаш да ги носиш уште 4 години, цени го мојот труд и веќе со нив да не работиш тешка физичка работа“.

eve-gi-tatko-tvoite-omileni-chevli-mlad-chevlar-od-skopje-go-raznezhni-tatko-si-so-iznenaduvanjeto-12.jpg

Видео од изненадувањето на Филип и процесот на реставрација:

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg