Миа Костова гламурозна во стилот на стариот Холивуд на Мажи на годината 2021 (фото)
- Детали
- среда, 15 декември 2021
Со фризура во стилот на Мерилин Монро и смело деколте со тетоважа на градната коска, таа изгледаше навистина впечатливо на сцената.
Вчера (14.12) традиционално по четвртипат се одржа настанот „Мажи на годината 2021“ во хотелот „Double Tree by Hilton” во Скопје со почеток од 20:00 часот.
Во улога на домаќини на настанот се појавија актерот Жарко Димоски и Миа Костова.
Миа за оваа пригода избра раскошна црна тоалета во стилот на стариот Холивуд. Со фризура како Мерилин Монро и смело деколте, таа изгледаше навистина впечатливо на сцената.
Соодветно на темата на вечерта – кабаре, Миа навистина донесе доза гламур од минатите времиња.
Фотографии од Инстаграм стори на Миа Костова:
Од настанот на својот Инстаграм профил сподели фотографии и пријателката на Миа, Тијана Скулиќ:
С. С. | Црнобело