Романтично запросување на сплав во Охридското Езеро, со срце од балони (фото)
- Детали
- вторник, 30 ноември 2021
Со срце од балони и многу рози на сплав во комплексот на манастирот Свети Наум во Охрид, Павлина и Мартин ја крунисаа со прстен љубовта која трае веќе една деценија.
Павлина Стојановска (27) го доживеа запросувањето од соништата од својот сакан Мартин Милошевски (28) на сплав во Охридското Езеро на 20-ти ноември.
Таа кажа „да“ на преубавиот сплав во комплексот на манастирот Свети Наум, а љубовта која брои една деценија, ја крунисаа со прстен.
Павлина за CRNOBELO.com вели:
„Нашата љубовна приказна трае 10 години. Запросувањето беше романтично и секој еден детаљ од него ме направи најсреќна жена на свет.
Имавме обична прошетка низ Свети Наум и сосема неочекувано на преубавиот сплав во ресторан Острово, зад мене се појави кајче со огромно прашање ‘Will you mаrry me?’
Преубави емоции, преубави спомени, нашата љубов ништо и помалку не заслужи. Мојот дечко, сега веќе иден сопруг ме изненади на најубав можен начин, не ни замислував дека ќе биде вака… Среќна сум што нашата врска се круниса на ваков начин, и што како деца, а сега како возрасни, победи вистинската љубов, почитта и разбирањето.“
Фотки од запросувањето:
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело