Наша докторка, по ракот на града на 28 години: „Пред 2 дена направив лапароскопска операција на јајниците - не е толку страшно“
- Детали
- сабота, 27 ноември 2021
Марија Бунда Калпак е наша докторка која храбро говореше за борбата со ракот, а сега повторно ги охрабрува девојките дека не се сами објавувајќи фотографија од себе веднаш по лапароскопската операција на јајниците.
Марија Бунда Калпак е наша докторка која храбро на својот Инстаграм профил во март 2021 проговори за дијагнозата рак на дојка на 28 години и нејзината голгота, но и храбра борба со насмевка на лицето.
Сега, таа мина низ уште еден стресен период, но добриот исход од истиот го сподели на својот Инстаграм профил.
Станува збор за лапароскопска операција на јајниците, која вели дека е презадоволна како ѝ ја извеле нашите доктори. Таа отворено говори на темата затоа што смета дека многу девојки минуваат низ ваква процедура, најчесто поради цисти на јајниците, и сака да ги охрбари дека не се сами.
Таа покажа и како ѝ изгледа стомакот по операцијата и најави дека за 7 дена следува вадење на конци.
Фотографиите што доктор Марија Бунда ги сподели на својот Инстаграм профил:
Прочитајте и Наша докторка со емотивна исповед: „Ова е 2 недели по првата хемотерапија, тоа беа најстрашните денови во мојот живот“
С. С. | Црнобело