Наша докторка со емотивна исповед: „Ова е 2 недели по првата хемотерапија, тоа беа најстрашните денови во мојот живот“
- Детали
- среда, 21 јули 2021
28-годишната Марија Бунда Калпак отворено говори како со насмевка ја водела својата најтешка животна битка и ги открива сите детали за голготата со дијагнозата рак на дојка. Сега, се чувствува одлично.
Марија Бунда Калпак (28) е наша докторка која храбро на својот Инстаграм профил во март 2021 проговори за дијагнозата рак на дојка и нејзината голгота.
Сега, таа повторно отворено говори за нејзината борба.
Таа објави фотографија од себе, направена по првата хемотерапија, каде ја потстрижала косата затоа што почнала да ѝ паѓа. Отворено кажува дека не знае зошто се смее на таа фотографија кога токму тој период бил најтешкиот во нејзиниот живот.
Нормално, сега сè е зад неа и на поинаков начин гледа на работите. Но, ваквите тешки битки дефинитивно секогаш е најдобро да се водат со насмевка.
Емотивната објава на младата докторка:
„Ова е слика 2 недели после првата хемотерапија, кога морав да ја исшишам косата затоа што после 3, 4 недели целосно опаѓа. Изгледам среќна, а всушност тоа беа најстрашните денови во мојот живот и се прашувам: „Зошто не сме искрени на социјалниве медиуми?“ Секој како да сака да прикаже некоја постојана среќа - што не е можно.
Секој има добри и лоши периоди и затоа јас избирам да зборувам за моите тешки моменти затоа што тоа не е срамота. Напротив срам ми е што сум толку насмеана на сликата, а во тој момент ми се плачело затоа што ме чекаа:
Безброј магнетни резонанци, скенови,
8 хемотерапии (наречени red devil)
12 еднонеделни хемотерапии
12 оваријални супресии (со инјекции)
20 Гранакс поткожни инјекции
Хемотерапијата како што знаете ги убива клетките на ракот, но и здравите клетки, со тоа и леукоцитите (одбранбените клетки). За среќа, постојат стимулатори на коскена срцевина за да имуните клетки продолжат да се создаваат. За несреќа пропратните ефекти се страшни болки во мускулите и коските, но и тоа помина.
2 пет скенови
2 операции
15 радиотерапии
Безброј крвни испитувања... како добро утро
По 20 апчиња на ден (витамини, суплементи)
Хормонска терапија, која сè уште трае.“
Повеќе фотки од прекрасната докторка, по најтешката животна битка:
Фото извор: Инстаграм стори
Фото извор: Инстаграм стори
https://www.instagram.com/p/CRTIiOrr5Dh/
С. С. | Црнобело