Лешница е како сцена од најубавата есенска бајка (фото)
- Детали
- вторник, 23 ноември 2021
Шолја топло турско кафе со спектакуларен поглед, со звук од водопад, со природа во најубави есенски тонови, со килим од лисје... Лешница, звучи како совршена есенска дестинација, зарем не?
Лешница е долина на Шар Планина и дефинитивно еден од најубавите предели во Македонија.
Периодов таа е обоена во најубавите есенски бои, а пикник таму со печење колбавчиња на оган и шолја топло турско кафе е совршен начин за полнење на батериите.
Лешница се наоѓа во средишниот дел на Шар Планина во пределот на највисоките шарски врвови, помеѓу врвовите Среден Камен и Плат. На југозапад е оградена со највисокиот Титов Врв, додека на југоисток со вториот највисок врв Бакардан, на запад со Среден Камен и на исток со Плат, додека кон север е отворена и се спојува со долината на реката Пена.
Се дели на Долна Лешница на надморска височина од 1.450 метри и Горна Лешница од 2.221 метар надморска височина.
Фото докази дека Лешница е како сцена од есенска бајка периодов:
С. С. | Црнобело / Фото: Цоци Лазаревски