Мирисот на липите на ЈНА, Езерце: Емотивни исповеди на скопјани - „Зошто го сакав старо Скопје?“

„Калдрмата, луна паркот кај Езерце, летното кино, стариот Градски на Вардар, салата на Работнички, скарата на Саем, чај на лизгалиште, најдобрата руска во Самопослужување, кугланата во ГТЦ, пиците на лента и уште многу, многу други работи се причината зошто го сакав моето Скопје“ – вели Драган Николиќ, еден од многуте горди стари скопјани кои дадоа изјава за CRNOBELO.com.

mirisot-na-lipite-na-jna-ezerce-korzoto-emotivni-ispovedi-na-skopjani-zoshto-go-sakav-staro-skopje-01.jpgфото: Инстаграм Retro Skopje

Денес е голем ден! Скопје беше ослободено на 13-ти ноември, 1944-та година, момент кој е радост за сите горди скопјани и денес - 77 години подоцна.

Токму затоа во Фејсбук групата „Стари скопјани“ одлучив да го поставам прашањето „Зошто го сакавте старо Скопје“, а емотивните одговори ме трогнаа.

Мирисот на липите, корзото, Езерце, Ванила се само дел од работите по кои се носталгични старите скопјани.

Ви пренесувам дел од нивните емотивни исповеди, ќе ви направат топло на душата:

Емотивни исповеди на стари Скопјани:

„Мирисот на пролетта во 11 навечер, враќајќи се од кошаркарски тренинг - сала Работнички према Рекорд, да се качам на последниот автобус накај Радишани..“ – Александар Благоевски Тразоф.

„Калдрмата, луна паркот кај Езерце, летно кино, стариот Градски на Вардар, салата на Работнички, утакмиците на Вардар и Работнички во Кале (одбојка), скарата на Саем, лизгањето по Рузвелтова, седењето на камен пред куќа карши Државна на улица Кумровец, лизгање и чај на лизгалиште, најдобрата руска во Самопослужување, кугланата во ГТЦ, пиците на лента и уште многу, многу други работи зошто го сакав моето Скопје“ – Драган Николиќ

„Липите и нивниот опоен мирис на булевар ЈНА.“ – Снежана Јовановска

„Скопското корзо каде се собираше цела младина, кино Младина на улицата која водеше до Офицерски дом и плоштад.“ – Мица Митревска

„Старото корзо на плоштадот, пред Метропол и Пелистер. Пред Ванила, чичко Стоилко и кафе грил во ГТЦ.“ – Јадранка Камчева

„Убавото корзо, Ванила пивница, Пелистер, Метропол и ред други убавини во тоа наше старо Скопје.“ – Мица Божарова.

„Стариот трговски, тезгите на цвеќе на плоштадот, предновогодишната атмосфера на тезгите на улица Македонија, лимонадџиските киосци... Сепак, Скопје е на свој начин убав ,и тогаш и сега, само носталгични сме за младоста.“ – Маја Мицкоска

„Руска плажа, малиот воз, кривина Треска, корзо, стариот Градски стадион, Кермес, Капмпинг, Опатија, па Ванила, кеј, езерце Парк, езерце Треска, базените: Кале, Треска, Воен, Белви, дискотеките: Панорама, Турист, Огниште и уште многу...“ – Зоран Раковиќ

„Липите пред мојата зграда во Чаир, целиот Чаир и чаршијата.“ – Шерифа Мусовиќ Прељевиќ

„Мирисот на градот, паднатите лисја на ЈНА, шепотот на минатото, прекрасната гимназија Јосип Броз Тито, сместена до Вардар од каде излеговме со многу знаења. Убавината на младоста сплотена со градот, заедничкото растење но не и задничко стареење, затоа што овој град е вечен!“ – Виолета Аларова

Повеќе исповеди на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
„Утрово качив во автомобил тројца непознати - чекале 45 минути автобус на ладново“ - Скопјани се сол... „Нема автобуси! Бидете хумани, добри луѓе качете и вие некого и однесете го/ги д...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Мајка и ќерка од Македонија позираат во стилот на Бијонсе – со бикини, каубојски шешири и чизми (фот... Облечени во црни бикини, со каубојски шешири и чизми, д-р Нена од Неготино и ќер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg