„Ова куче ми е сè“ - Македонска блогерка позира во модно усогласен аутфит со миленикот (фото)
- Детали
- четврток, 11 ноември 2021
„Ми текна така да ја облечам Лана и да ја сликам и толку се смеев, а во исто време да се растопиш од милост е...“, пишува Ксенија од Прилеп во описот на фотките.
Ксенија Деспотоска (26) од Прилеп е наша модна блогерка со повеќе од 29.000 следбеници на својот Инстаграм профил.
Омилен начин за релаксација ѝ е кога го минува времето со својата миленичка Лана.
Ксенија објави фотографии на кои носи модно усогласен аутфит со нејзиното куче.
„Не ми беше сликава за на пост, ама морав да ja објавам.
Ми текна така да ја облечам Лана и да ја сликам и толку се смеев, а во исто време да се растопиш од милост е.
Инаку не знам и сама како стоеше вака.
Ова куче ми е сè!“
Фотки од Ксенија со нејзината миленичка Лана:
С. С. | Црнобело