Модрици од инјекции, погрешни дијагнози: Ксенија Николова со искрено видео за стерилитетот
- Детали
- среда, 10 ноември 2021
„Скриени солзи, неодговорени прашања, часови поминати во чекање, погрешни дијагнози, модрици од инјекции, списоци со лекови, цупкања во место во чекална, безнадежни погледи на доктори...“, Ксенија Николова емотивно доловува колку е тешка борбата со стерилитетот.
Ксенија Николова е наша писателка која зад себе има 6 книги, а сега сними видео кое сигурно ќе ве допре до срце. Темата е болна и со неа за жал се соочуваат сè повеќе жени и мажи.
За своите 22 илјади следбеници на Инстаграм таа го сними видеото во кое открива колку е тешка битката со стерилитетот и на миг им даде поддршка на сите борци со стерилтетот, да знаат дека не се сами.
Тешкиот процес вклучува многу лажни насмевки, скриени солзи, неодговорени прашања, часови поминати во чекање, погрешни дијагнози, модрици од инјекции, списоци со лекови, цупкања во место во чекална, безнадежни погледи на доктори... Но, и сон и сила да се почне одново.
„Сè што ми лежи на душа во едно видео.
За вас, за нас.
Фала ти Круме за прекрасната реализација на мојата идеја.“
Видеото на Ксенија за сите борци со стерилитет:
С. С. | Црнобело