Моќта на старите албуми: Тијана Дапчевиќ објави невидени фотки од детството, со Тамара крај неа
- Детали
- четврток, 28 октомври 2021
Тијана Дапчевиќ често знае да ги разгледува фотографиите од детството и младоста во старите албуми, па да објави фотки на Инстаграм. Најчесто така му честита годишнина од брак на својот сакан Милан.
Тијана Дапчевиќ неретко сака да ги разгледува старите албуми и да ги освежува спомените.
Овојпат таа објави неколку фотографии од детството, од кои на една позира со својата сестра Тамара Тодевска и нивниот татко Велко.
На друга пак таа е сама, а многумина на Инстаграм ѝ прокоментираа дека нејзиниот син Вук навистина личи на неа во детските денови.
„Повторно копав по старите фотографии. На првата сум баш бебе, на втората сум на претшколска возраст – манакенка на море, а на третата сум со тато и Тамара.“
Инаку, Тијана многу често се случува и на сопругот Милан да му честита роденден или годишнина од брак со стари фотки од нив.
Дел од ретро фотките што ги објавува Тијана:
С. С. | Црнобело