Талентирана девојка од Скопје создава уметност на тело со шминка: „Потребни се од 4 до 9 часа за едно дело“

„За изведба на едно дело потребни се од 4 до 9 часа, во зависност од цртежот, потребно е многу вежбање за да се постигне напредок“ – вели Елена Јаневска чии bodyart креации привлекуваат особено внимание на социјалните мрежи.

elena-janevska-sozdava-umetnost-na-telo-potrebni-se-od-4-do-9-chasa-pred-ogledalo-mnogu-trpenie-i-ljubov-01.jpg

Елена Јаневска (33) e шминкерка од Скопје, по струка е козметички техничар, а особено внимание привлекува со нејзините bodyart креации што ги споделува на социјалните мрежи.

elena-janevska-sozdava-umetnost-na-telo-potrebni-se-od-4-do-9-chasa-pred-ogledalo-mnogu-trpenie-i-ljubov-04.jpg

Во разговор за CRNOBELO.com Елена открива дека како козметичар работи веќе 15 години, а како шминкер 3 години.

Отсекогаш ја привлекувала уметноста, уште како дете мошне ја привлекувале боите, а со bodyart како форма на уметност почнала да се занимава благодарение на нејзината сестра:

„Мојата сестра живее во Калифорнија и го обожава Halloween. Таа ми прати слика да нацртам нешто за Halloween на што мојот одговор беше:

‘Не сум сигурна дали би можела да го изведам ова, јас не цртам на тело (на што денес сама си се смеам). Но, таа верува премногу во мене и ми одговори: ‘Знам дека можеш, дај си шанса и пробај!’

elena-janevska-sozdava-umetnost-na-telo-potrebni-se-od-4-do-9-chasa-pred-ogledalo-mnogu-trpenie-i-ljubov-05.jpg

Таа ми беше мотивација и предизвик да се надминам самата себе и еве ме денес! Сега одам напред и верувам во мотото: ‘Сè што ќе посакаш можеш да го оствариш со голем труд, желба, и ако веруваш во себеси’.“

elena-janevska-sozdava-umetnost-na-telo-potrebni-se-od-4-do-9-chasa-pred-ogledalo-mnogu-trpenie-i-ljubov-06.jpg

Елена открива дека македонската јавност е повеќе заинтересирана за тоа како таа ги изведува уметничките дела, но нема голем интерес од клиенти, затоа што нема каде да се покаже и презентира уметноста што ќе се изведе на нивното тело.

elena-janevska-sozdava-umetnost-na-telo-potrebni-se-od-4-do-9-chasa-pred-ogledalo-mnogu-trpenie-i-ljubov-07.jpg

Таа ја наоѓа инспирацијата во сликите и предметите што ги гледа, но секако ги видоизменува и ги адаптира во поглед на деталите.

За изработка на едно уметничко дело, пред сè, потребно е време, трпение и желба истото да се креира со љубов, а не само за прифатеност и лајкови на Инстаграм. Како што потенцира - трудот и упорноста носат успех.

elena-janevska-sozdava-umetnost-na-telo-potrebni-se-od-4-do-9-chasa-pred-ogledalo-mnogu-trpenie-i-ljubov-17.jpg

„За изведба на еден bodyart потребни се од 4 до 8 или 9 часа, во зависност од цртежот. Јас сум девојка која си дава големи предизвици за да се надмине себеси.

elena-janevska-sozdava-umetnost-na-telo-potrebni-se-od-4-do-9-chasa-pred-ogledalo-mnogu-trpenie-i-ljubov-18.jpg

Верувам во себе и сакам да учам и напредувам сè повеќе. Кој има време, трпение и желба да одвои 4 до 9 часа пред огледало со четките во рака, може да биде и тоа многу добар bodyart уметник“ – вели таа.

Елена тајните на bodyart ги откривала сосема сама. Како што вели, завршила 5 курса за професионална шминка и одлучна е дека ќе продолжи да вложува во себеси, но нејзините успеси се должат на упорноста и вежбањето.

elena-janevska-sozdava-umetnost-na-telo-potrebni-se-od-4-do-9-chasa-pred-ogledalo-mnogu-trpenie-i-ljubov-12.jpg

Кога ги гледаме комплексните креации што таа ги изработила, си го поставуваме и прашањето: „Што ќе се случи доколку згреши?“ Значи ли тоа дека уметничкото дело пропаднало, дека залудно го изгубила времето, а таа на ова ни одговори:

„Да, нормално може да се случи, се прават грешки, па и најголемите шминкери прават грешки што не се покажуваат јавно нели?

Знаењето,вежбањето и вложувањето во себе за напредок, понатаму те учат како во таква ситуација да се поправи грешката за да не се уништи целокупниот вложен труд“ – вели таа.

elena-janevska-sozdava-umetnost-na-telo-potrebni-se-od-4-do-9-chasa-pred-ogledalo-mnogu-trpenie-i-ljubov-14.jpg

На следната страна погледнете дел од нејзините креации:



Би можело да ве интересира:

Тие им се најголема поддршка - Како изгледаат сопругите на македонските пејачи? Јоце Панов и неговата избраничка биле во врска 10 години пред да стапат во брак,...
Позитива на денот: Пере од „Нокаут“ ја носи ќеркичката во градинка со велосипед на дожд (видео) „Скопско дете накај градинка, се насмевнува на дождот, како да е сончево. Дождот...
Елена од гевгелиско спаси и трет штрк: „Девојчиња го донесоа кај мене со повредено крило“ „Вториот штрк е здрав и во август ќе може да одлета, а третиот има повредено кри...
Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“ „Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото ...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Игор Џамбазов со семејни фотки од 1970-тите, Дарко Илиевски чека второ дете: Што прават македонските... Васил Зафирчев ја најави новата сезона на „Преспав“, тенисерот Калин Ивановски в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg