„Совршенство што не се доловува со слика“ - македонските инфлуенсерки уживаат на Сејшели (фото)
- Детали
- среда, 20 октомври 2021
„Првиот впечаток за Сејшели? Не можам да се изнагледам и изнауживам со каква флора, природа, кристално чиста вода изобилува оваа земја. Совршенство што не се доловува со слика, треба да се искуси“, вели една од македонските инфлуенсерки.
Сејшелите, официјално Република Сејшели или позната и како Сејшелски Острови, е островска држава во Индискиот Океан. Државата е всушност архипелаг од 115 острови кои се наоѓаат на 1.500 километри оддалеченост од копното на Африка, или поточно североисточно од Мадагаскар.
Вкупната површина на Сејшелите изнесува 451 километар квадратен каде живеат околу 84.000 жители, што ја прави најмала држава во Африка по бројот на население.
Меѓутоа оваа држава изобилува со спектакуларна природа и незаборавни плажи.
Токму на оваа рајска дестинација периодов уживаат неколку македонски инфлуенсерки.
Моника Потер на својот Инстаграм профил покажа како изгледаат сејшелските банкноти, но и како уживаат со приготвување туна на скара.
Јелена Спенџарска вели: „Ако некогаш сум била пресреќна и преисполнета со работата која ја работам и општо, од сопствениот живот, денес беше тој ден. Сериозно се обидувам да најдам зборови да можам да напишам долг пост за првиот ден на ова магично место, но НЕ! За некои слики, места и доживувања НЕ СЕ ПОТРЕБНИ ЗБОРОВИ! Можете само да замислите какво е во живо.“
Александра Шијакоска откри дека организирале бротче и ручек на дива плажа за да можат да го видиме вистинскиот дух на островот, а пак Моника Потер вели: „Првиот впечаток за Сејшели? Не можам да се изнагледам и изнауживам со каква флора, природа, кристално чиста вода изобилува оваа земја. Совршенство што не се доловува со слика, треба да се искуси!“
Фотки од Сејшелите од македонските инфлуенсерки:
Марис
Јелена Спенџарска
Aлександра Шијакоска
Моника Потер
С. С. | Црнобело